Во Бугарија прогласена вонредна состојба поради Ковид-19


Бугарскиот Парламент едногласно гласаше да биде прогласена вонредна состојба во земјата до 13 април за да се спречи ширењето на новиот  коронавирус, откако бројот на потврдени случаи се искачи на 23. За време на вонредната состојба, патувањето до и од земји со голем процент на заразени ќе биде забрането, училиштата и универзитетите ќе бидат затворени, …

Во Бугарија прогласена вонредна состојба поради Ковид-19 Read More »

Короната ја затвори границата меѓу Албанија и Косово до 15 март


Косово– Косовскиот Национален центар за менаџирање на границата (ЌКМК) објави дека од утрово во шест часот е забранет влезот на граѓани и возила од Косово во Република Албанија, како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на ЌКМК се наведува дека таквата одлука ја …

Короната ја затвори границата меѓу Албанија и Косово до 15 март Read More »

Борисов бара воведување вонредна состојба во Бугарија поради Ковид-19


Бугарија – Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека Владата ќе побара од Парламентот да прогласи вонредна состојба во државата поради ширењето на новиот коронавирус. Во таа земја, бројот на заболени нагло синоќа се зголеми од седум на 23, а едно лице почина. – Владата ќе побара од Парламентот да воведе вонредна состојба што ќе овозможи да …

Борисов бара воведување вонредна состојба во Бугарија поради Ковид-19 Read More »

Србија привремено затвори 44 гранични премини поради корона вирусот, меѓу кои и кон Македонија


Поради појава на корона вирусот Србија привремено затвори 44 гранични премини за патен, железнички и речен сообраќај, кон Унгарија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и неколку внатрешни гранични премини. Како што јави дописникот на МИА од Белград, кон Северна Македонија, затворени се граничните премини Прохор Пчински и Голеш …

Србија привремено затвори 44 гранични премини поради корона вирусот, меѓу кои и кон Македонија Read More »

На „ХРТ 3“ од понеделник ќе се емитува наставна програма за учениците


Од понеделник на третиот канал на Хрватската радио-телевизија ќе се емитува само образовна програма наменета за учениците. Програмата ќе се вика „Училиште на третиот канал”, а за воведување ваква програма одлука донесе хрватската Влада во соработка со Јавниот радиодифузен сервис. Ваквиот вид програма се воведува да се спречи неконтролираното ширење на корон авирусот, а таа …

На „ХРТ 3“ од понеделник ќе се емитува наставна програма за учениците Read More »

Брнабиќ: Пензионерите во Србија ќе добијат еднократна парична помош поради корона вирусот


Српската Влада донесе мерки за да ги спречи негативните ефекти на корона вирусот врз економијата и стопанството, а со одлуката на Народната банка на Србија (НБС) да ја намали референтната каматна стапка на 1,75 проценти, одлучи да инвестира дополнителни 24 милијарди динари во проекти за капитална инфраструктура, изјави денеска на прес конференција премиерката Ана Брнабиќ. …

Брнабиќ: Пензионерите во Србија ќе добијат еднократна парична помош поради корона вирусот Read More »

Во Црна Гора уапсено едно лице поради ширење лажни вести за новиот коронавирус


Полиција уапси едно лице под сомнение дека ширел лажни вести и на тој начин предизвикал вознемиреност на јавноста, соопшти Управата на полицијата на Црна Гора. Црногорскиот весник „Вијести“ објави дека е уапсен Миливој Брковиќ поради ширење лажни вести за присуство на новиот коронавирус во Црна Гора. Брковиќ на својот Фејсбук профил напиша дека има информација …

Во Црна Гора уапсено едно лице поради ширење лажни вести за новиот коронавирус Read More »

(Видео) Вучиќ се накашла – сите се исплашија


Српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашната прес-конференција почна да кашла откако се напи вода, додека новинарите му поставуваа прашања. Тој кашлаше повеќе од десет секунди, го извади и своето марамче, а во салата настана молк. Вучиќ се засркна од водата, а потоа се пошегува. „Само малку се засркнав, не грижете се, не е корона. Знам …

(Видео) Вучиќ се накашла – сите се исплашија Read More »

Прв смртен случај од Ковид-19 во Грција


Во Грција рано утрово беше регистрирани првиот смртен случај од коронавирусот, откако почина 66-годишниот маж кој во изминатите денови беше критична состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Лицето беше дел од групата која на 27 февруари се врати од поклоничко патување во Израел и Египет. Министерството за здравство на Грција соопшти дека 66-годишниот Грк, …

Прв смртен случај од Ковид-19 во Грција Read More »

Добри вести од Хрватска: Излечени првите тројца пациенти од корона вирус, во БиХ нови случаи


Првите три пациенти кои во Хрватска заболеа од корона вирус покажаа негативни тестови на вирус, рече хрватскиот министер за здравство Вили Берош. Тие се уште се во карантин, а ако вториот тест биде негативен, ќе бидат пуштени дома во рок од 48 часа, пренесе „Јутарњи“. Министерот Берош утрово објави дека во Хрватска за сега нема …

Добри вести од Хрватска: Излечени првите тројца пациенти од корона вирус, во БиХ нови случаи Read More »

Србија: Уште еден заразен со Ковид-19, вкупно досега – 19


Во Србија е потврден уште еден случај на инфекција со новиот коронавирус, со што вкупниот број заразени е 19, соопшти утринава Министерството за здравство. До денеска, во 8 часот, вкупно 160 лица се тестирани. Од последниот извештај, во 20 часот синоќа до 8 часот утрово, биле тестирани примероци од девет лица, од кои едниот бил …

Србија: Уште еден заразен со Ковид-19, вкупно досега – 19 Read More »

Хрватска: Потврдени три нови случаи на коронавирус


Од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљавиќ“ во Загреб се потврдени уште три нови заразени лица со коронавирус. Се работи за лица кои пристигнале од Австрија и Германија. До сега во Хрватска се потврдени 19 заболени лица.

Прва жртва на коронавирусот во Бугарија


Попладнево во Софија почина жената која вчера беше хоспитализирана во исклучително тешка состојба, а кај која беше утврден позитивен тест на Ковид-19. Пациентката имала хронични кардиоваскуларни проблеми и претходна операција на срцето. Жената дошла во болницата „Пирогов“ со тешка пневмонија. И покрај извршените интензивни реанимациски мерки лекарите не успеале да го спасат нејзиниот живот. Екипа …

Прва жртва на коронавирусот во Бугарија Read More »

Вучиќ ги откажа сите изборни митинзи, но училишта не затвора


Вучиќ со барање за откажување на сите предизборни собири на СНС, опозицискиот СзС со исто барање за сите јавни собири Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги откаже сите изборни митинзи на неговата Српската напредна странка (СНС) до 1 април, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и заради превентивни мерки. Денеска и опозицискиот Сојуз …

Вучиќ ги откажа сите изборни митинзи, но училишта не затвора Read More »

Ердоган: Ниту еден вирус не е посилен од мерките што ги презеде Турција


Анкара – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција ги презела сите мерки против новиот коронавирус. – Посакуваме Турција да ги надмине овие тешкотии без жртви. Ниту еден вирус не е посилен од преземените мерки, наведе Ердоган.Тој додаде дека во Турција се преземени сите превентивни мерки за справување со Ковид-19. Претходно, турскиот министер за …

Ердоган: Ниту еден вирус не е посилен од мерките што ги презеде Турција Read More »

Ердоган одлучи: Турција нема да ги затвори границите за мигрантите


Турција ќе ги остави отворени границите за мигрантите кои патуваат кон Европа додека ЕУ не ги исполни очекувањата на Анкара во врска со Спогодбата за мигранти од 2016 година. Ова го потврди денеска турскиот претстедател Реџеп Таип Ердоган ображајжи им се своите пратеници од Партијата на правдата во парламентот. Тој најави дека Турција ќе ги …

Ердоган одлучи: Турција нема да ги затвори границите за мигрантите Read More »

Тачи го покани Курти на средба, му понуди да бира термин


Косовскиот претседател Хашим Тачи го покани премиерот Албин Курти на средба, во еден од термините кои ќе му одговараат во текот на денешниот ден, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што објавија претпладнево косовските медиуми, Тачи му понуди на Курти да се сретнат во 10, 11, или 12 часот. Претседателот завчера ги покани на …

Тачи го покани Курти на средба, му понуди да бира термин Read More »

Поради корона вирусот Словенија го забрани слетувањето на авиони од ризичните подрачја


Поради корона вирусот Словенија ги забранива слетувањата на авиони кои доаѓаат од ризичните подрачја, јави дописникот на МИА од Љубљана. Ова го соопшти министерката за инфраструктура Алека Братушек, која појасни дека ова е само една од мерките за да се спречи ширањето на вирусот. Оваа забрана ќе важи само за патничките авиони, додека оние кои …

Поради корона вирусот Словенија го забрани слетувањето на авиони од ризичните подрачја Read More »

Мигрантите доаѓале од Турција организирано  и со автобуси


Во однос на актуелниот проблем со мигрантите на грчко-турската граница, Темистоклис Демирис, генерален секретар при грчкото МНР, од конференцијата во рамките на Берлинскиот процес во Скопје порача дека ова не е прва миграциска криза со која се соочуваме, но има нешто по што се разликува од досегашните искуства. – Главна разлика е дека сега имаме …

Мигрантите доаѓале од Турција организирано  и со автобуси Read More »

Затворени над 80 училишта во цела Грција


Грција– Превентивно и за да се спречи ширење на коронавирусот над 80 училишта во цела Грција, со одлука на Министерството за образование, од денеска се затворени. Листата со средни и основни училишта кои ставија клуч на врата постојано се менува, со оглед на тоа дека една образовна институција се затвора доколку се потврди дека постои …

Затворени над 80 училишта во цела Грција Read More »