Стотици граѓани чекаат за ПЦР тест пред „Торлак“ во Белград – има и од Македонија


 

Огромен ред граѓани кои чекаат ПЦР тест се формира утрово пред Институтот за вакцини и серуми „Торлак“ во Белград.

Најупорните дошле во 4.30 да фатат место за меѓу првите да се тестираат кога Институтот ќе ги отвори вратите.

Како што јавува Б92, меѓу тие што чекаат покрај Срби има и Македонци, Босанци и други.

Семејство од Гевгелија со три деца, кои треба да заминат за Германија, било меѓу тие што чекаат, но не биле расположени за разговор.

Имено, во оваа институција во Белград нема закажување за тест ПЦР, а резултатите се добиваат истиот ден.

Меѓу првите пред „Торлак’ утворо во 4.30 часот бил Слободан Бугарски од Белград, кој вечерва патува за Москва. Тој направил тест во саботата, но не пресметал добро, па ќе поминат 72 часа додека стигне за Москва, а резултатите ќе бидат застарени. Затоа платил 6.000 динари (50 евра) и чека тест.

Има и такви кои чекаат на тест за заминување во Австрија Ако не направат тест,ќе бидат 10 дена во карантин по пристигнувањето или да платат тест таму кој чини 140 до 190 евра.

Еден човек кој чека тест за да замине во Обединетите Арапски Емирати вели дошол порано за да не го фата горештините. Тест во ОАЕ се прави и кога ќе се пристигне таму, но тој е бесплатен.

Маж од Сребреница исто така чека во редот, а вели во Република Српска не направил тест, затоа што последните денови престојува во Белград. Треба да замине за Истанбул.

За државјаните на Србија ОЦР тестот чини 6.000 динари, а за странци 120 евра.