Хрватска регистрира нови 45 случаи со корона вирус

 

Националниот штаб за цивилна заштита во последните 24 часа регистрира нови 45 случаи со Ковид-19 во Хрватска.

Во моментот бројот на активни случаи е 585, а меѓу нив 124 се на болничко лекување, од кои осум на респиратор.

Почина едно лице од последиците на Ковид-19.

Од февруари наваму во Хрватска се забележани 5.649 лица заболени од корона вирус, од кои 158 полинаа, а 4.906 оздравеа.

Во самоизолација има 2.057 лица.

До денеска тестирани се 129.379 примероци, од кои во последното деноноќие 1.247.