Во Сараево од корона почина млада мајка, три дена по породување


БиХ-Во Сaраево почина 37-годишната Белма Шољанин, активистка и мајка на три деца која била заразена со коронавирус.

Починала вчера, три дена по породувањето откако родила син, јавија медиумите во БИх, а пренесе index.hr.

Била заразена од коронавирус и во 35-та недела од бременоста е примена во оддел за изолација. Родила, па потоа пак отишла во изолација. Нo не преживеала. Битката ја изгубила откако ѝ откажале белите дробови.

Освен новородениот син зад неа останаа и две ќерки.