Србија денеска изброи 236 новозаразени, починаа деветмина


 

Во последните 24 часа во Србија од корона вирус биле тестирани 6.251 лица, а 236биле позитивни, или 3,77 отсто, јави Б92.

За жал починаа уште девет пациенти.

Според последните податоци од Министерството за здравство и Инситутот „Батут“, на респиратор се 106 пациенти.

Покрај смирувањето на ситуацијата и помалиот број новозаболени, надлежните јасно ставија до знаење дека не размислуваат за ублажување на рестриктивните мерки, и најголемо внимаени се посветува на почетокот на новата учебна година.

Епидемиологот Предраг Кон на конференција за новинарите рече дека оба и понатаму се високи бројки, а ситуацијата е несигурна.