(Видео) Повторно тензии во Будва: Приватното обезбедување не дозволило советници да влезат во зградата на општината


На влезот во општинската зграда во Будва утрово имало судири меѓу приватното обезбедување и советниците и функционерите на Демократска Црна Гора и Демократскиот фронт.

Како што јавија српските медиуми, приватното обезбедување не му дозволило најстариот советник Гојко Лијешевиќ (75) да влезе во зградата на Општината, по што се обиделе да го урнат кордонот.

На приватното обезбедување им помогнале припадници на полициската единица за интервенција, кои ги спречиле Марко Царевиќ, Крсто Радовиќ и неколку други советници на ДФ и Демократите да влезат во општинската зграда.

Откако не успеаја да го пробијат кордонот, Царевиќ и Радовиќ ги повикаа собраните да ги смират тензиите, велејќи дека на 75-годишниот советник му е забрането да влезе.

Радовиќ инсистирал да биде пуштен во зградата за да закаже продолжување на 33 и 34 седница на локалниот Парламент, чија агенда, како што се наведува, вклучува и негово разрешување и на Царевиќ.

Советниците на Демократска Црна Гора и Демократскиот фронт во општинското собрание на Будва пред два дена беа исклучени од седница.