Нови 61 случај со корона вирус во Хрватска


 

Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 61 нов случај со корона вирус, а тестирани се 727 лица.

Во моментот активни се 586 случаи, соопшти Националниот штаб за цивлна заштита.

Меѓу активните случаи се и 121 пациент на болничко лекување, а на респиратор се осуммина. Денеска нема починати.

До денеска во Хрватска се заразија 5.604 лица, од кои 157 починаа, а 4.861 оздравеа.
Во самоизолација се 2.008 лица, а вкупно се тестирани 128.132 лица.