Bо БиХ бројот на новозаразени падна на 233


 

Во последните 24 часа во БиХ се потврдени 233 нови случаи со Ковид-19, за разлика од вчера кога беа регистрирани 398 случаи.

Според податоците на Федералниот завод за јавно здравје, во Федерацијата тестирани се 754 примероци од кои 184 биле позитивни. Досега во Федерацијата од Ковид-19 заболеле 3.624 луѓе.

Пријавени се и три смртни случаи, а вкупниот број починати се искачи на 199.

Во Република Српска тестирани се 281 примерок од кои 49 се позитивни, а пријавени се два смртни случаи.

Досега во РС потврдени се 5.550 случаи на корона вирус, а починаа вкупно 193 пациенти.