Албанија: Тестирање за Ковид-19 во приватни установи, но само за оние кои патуваат надвор од земјата


Албанија– Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, дозволи вршење на молекуларни тестови РТ-ПЦР за САРС-КОВ-2 во приватни лаборатории од, како што се наведува, административни причини. Но,според одлуката, дозволено е тестирање само за оние лица кои имаат барање за документ, со кој се потврдува дека не се заразени со опасниот вирус, за да може […]

Бројот на заразени со корона вирус во Бугарија надмина 10 илјади


Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Бугарија денеска надмина 10.000, откако беа регистрирани се 270 нови пациенти во последните 24 часа. Во текот на ноќта починале осум лица, со што вкупниот број на починати сега изнесува 337. Најголем број од заразените се во Софија, Пловдив и Благоевград.

Протести пред резиденцијата на Орбан за упадот во сајтот „Индекс“


Илјадници Унгарци протестираа пред резиденцијата на премиерот Виктор Орбан поради постојаните владини напади врз слободата на медиумите, што кулминираше со смената на главниот уредник на водечкиот независен сајт во земјата „Индекс“. Тројца уредници и повеќе од 80 новинари на „Индекс“, што се речиси сите вработени, вчера поднесоа оставки, обвинувајќи ја владата дека се обидува да […]

Кон: Белград е вистинска епидемиолошка бомба, претходно го решававме со полициски час


  Српскиот епидемиолог Предраг Кон, изјави дека Белград е вистинска епидемиолошка бомба затоа што има огромен број места каде корона вирусот може нагло да почне да се пренесува. Гостувајќи во РТС, апелираше на почитување на мерките и на вклучување на сите инспекциски органи и оние кои треба да ги спроведуваат сите мески. „многу е важно […]

Подгорица погодена од тропски температури


Црна Гора– Во црногорската престолнина деновиве се измерени тропски температури. Синоќа, во 18.30 часот во подгоричката населба Загорич температурата на воздухот беше 42 Целзиусови степени, јави подгорички ЦдМ. Во текот на летото, ПОдгорица вообичаено е најтоплиот град во Црна Гора.

(Видео) Потоп во Загреб


  Токму како што беше најавено невремето стигна во Загреб, главниот град на Хрватска вечерва во 21 часот. Како што јавуваат читателите на Индекс, дува силен ветар и паѓа дожр, а небото го параат молњи. Прекинат е трамвајскиот сообраќај по главната улица „Илица“, како и на други линии. Многу делови од градот се потопени, а […]

Реконструкцијата на владата е на штета на Бугарија, тврди Радев


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска оцени дека реконструкцијата на владата што ја направи премиерот Бојко Борисов, а денеска беше потврдена од парламентот, е обид да се купи време на штета на Бугарија. -Најлошата можна работа во земјата и општеството е кога јавноста не и верува на владата, рече Радев, пренесен од БТА. Борисов смени четворица […]

ОН: САД употребиле прекумерна сила над демонстрантите во САД


Обединети нации предупредија на несразмерна употреба на сила врз антирасистичките демонстранти во американските градови и на евентуални самоволни апсења. – Мора да се овозможат мирни протести… Демонстрантите и новинарите кои ги следат протестите не треба да бидат изложени на самоволно апсење или на непропорционална употреба на сила, изјави портпаролката на ОН за човекови права, Елизабет […]

Западниот Балкан нема една „татковина на криминалот“


Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал  објави извештај во кој ги разоткрива глобалните жаришта на организираниот криминал во кој се вклучени групи од Западен Балкан. Во него, во делот на добро поврзаните луѓе од Балканот во Прага, се споменува дека Сашо Мијалков, додека бил шеф на тајната полиција во Владата на Никола Груевски, не пријавил […]

Почина новинарот и публицист Перо Златар


Познатиот југословенски и хрватски новинар и публицист, Перо Златар, почина на 86-годишна возраст. Роден е во Скопје во 1934 година, а живеше во Белград од 1981 година. Златар е вклучен во новинарството уште од петнаесет години. Тој беше првиот новинар на поранешна Југославија по 1948 година кој отиде во Албанија, првиот во Шпанија на Франко, […]

Хрватска пријави нови 81 заразени


  Националниот штаб на Хрватска соопшти дека денеска се регистрирани нови 81 случаи на корона вирус во земјата, а во болница вкупно има 139 пацинети. Активни се 1.032, додека на респиратор има девет пацинети, а последниот ден тестирани се 1.136 лица. Откако е забележан првиот случај во хрватска до денеска забележани се 4.715 заразени со […]

Србија повторно со повеќе од 400 заболени, 10 починаа


  Според последните информации 409 лица се позитивни на корона вирус во последното деноноќие во Србија, а починале десет пациенти. Тестирани се 10.634 лица. Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори се 167 пацинети, што е пад во однос на вчера кога на респиратор беа 185 пациенти.

Босна и Херцеговина денеска со 304 новозаразени


Во последните 24 часа во БиХ заразени со корона вирус се уште 303 лица, од кои 178 во Федерацијата, 125 во Република Српска, едно во Брчко, а вкупно се тестирани 1.668 лица. Во Федерацијата досега се тестирани 80.469 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 5.457 лица. Досгеа оздравеле 2.515 пацинети, а активни сеp 2.823 случаи. […]

(Видео) Хаос пред Аја Софија: Пробиен кордонот на полицијата


  Илјадници верници појдоа денеска во Истанбул на првата молитва во Аја Софија која е претворена во џамија. Дојде и до инциденти, при што пробиен е кордонот полиција. Притоа занемарени се мерките против ширење на корона вирусот, пишува АП. Илјадници верници и туристи ги окупираа улиците околу џамијата, а многумина спиеја во шатори недалеку од […]

Бојко Борисов во карантин, шефицата на неговиот кабинет заразена со корона вирусот


Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Бојко Борисов, Деница Желева има позитивен тест на Ковид-19, премиерот е негативен но е ставен во карантин и се чека втор негативен тест, јави Бгнес. Тестирани се и сите членови на делегацијата што беа во Брисел каде учествуваа на самитот на шефовите на држави и влади на Европската унија. Во понеделникот, на 20 […]

Лажна СМС порака ги повикува Грците на мобилизација


Лажна СМС порака, наводно испратена од Министерството за одбрана на Грција, ги повикува Грците да се пријават во најблиската полициска станица за да добијат одлука за воена мобилизација, а Секторот за компјутерски криминал на грчката полиција веќе започна истрага за пораката на мобилните телефони, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција и од […]

Славој Жижек: Влеговме во војна со „Пандемија“ и идеите дека ќе заврши набрзо се утопистички


Правилата дека треба да се мијат раце, да се избегнуваат блиски контакти, сето ова помага. Но, основно е тоа дека ни требаат мерки. Јас ги нарекувам „комунистички мерки“, а овие мерки не треба да се однесуваат само на здравјето. Ќе имаме проблеми, од снабдувањето со храна до менталното здравје. Мораме, конечно, да го сфатиме ова […]

Србија: Прогласот за оставка на кризниот штаб веќе го потпишале 2.000 лекари


Српските медицински работници собрани во иницијативата „Обединети против ковид“ објавија денеска на својата веб-страница дека 2.012 лекари, по име и презиме, го потпишале проглас со кој решиле да се појават во јавноста затоа што не гледаат друго решение за катастрофа на јавното здравство во Србија освен да се појават во јавноста и бараат оставка од […]

(Видео) Пожар во Грција два дена уништува куќи и шуми


Втор ден грчките пожарникари се борат со шумскиот пожар кој избувна во источниот дел на Пелопонез. Пожарот сè уште беснее и уништува куќи и хектари шумски области. Евакуирани се над илјада луѓе од шест населени места во јужна Грција. Во обид да го контролираат пожарот на терен се 236 пожарникари, заедно со 54 возила, шест […]

Турција назначи тројца имами за Аја Софија


Турција– Турција денеска именуваше тројца имами за Аја Софија, од кои еден е професор по верски студии, пред првата молитва во овој објект во Истанбул по 86 години. Првата муслиманска молитва во Аја Софија треба да се одржи денеска пред стотина верници, а најавено е дека ќе присуствува и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Турскиот […]