Во Хрватска денеска нови 204 заразени со корона вирус


 

Хрватскиот кризен штаб денеска објави дека во земјата во полседните 24 часа регистрирани се нови 204 случаи со корона вирус.

Сега во Хрватска има 2.529 активни случаи на Ковид-19. На болничко лекување се 303 пациенти, а 23 се на респиратор.

Починаа уште двајца, вкупно 203.

Во самоизолација се 8.608 луѓе.

Вкупно заразени од почетокот на пандемијата се 12.285, а оздравеа 9.553.

Досега тестирани се 196.966 лица, од кои 3.813 во полседните 24 часа.