Белград ќе организира дочек на Новата година и покрај пандемијата


 

Белград ќе организира дочек на Новата година, а како ќе изгледа прославата, која ќе може да се следи и по пат на социјалните мрежи, ќе се знае за еден месец.

Ова денеска го најави заменикот градоначалник Горан Весиќ, кој истакна дека бројот на луѓе и организацијата на дочекот на Новата година ќе зависи од епидемиолошката ситуација и мерките кои ќе бидат на сила.

„Белград нема да се откаже од организација на прослава за Нова година, затоа што тоа е белградски бренд. Во следниот месец ќе се подготвиме за организацијата, а како таа ќе изгледа ќе зависи од епидемиолошките мерки“, рече Весиќ.

Додаде дека и една од идеите е да сеспои Мјузик вик со Нова година.
Се надева дека многумина че одлучат новогодишната ноќ даја поминат во Белград.