Во Албанија од направени 830 тестови, позитивни на Ковид-19 биле 147 лица


Повторно висока бројка на новозоразени во Албанија, каде во последното деноноќие од направените 830 тестови, позитивни на Ковид-19 биле 147 лица, што е околу 18 отсто од тестираните.

Тирана и понатаму главно жариште на болеста, од каде се 67 од новозаразените, останатите се речиси од сите делови на земјата.

-Во последните 24 часа битката со опасниот вирус ја добија 53 или 6.239 од вкупно заразените 10.553 лица, додека починаа двајца паценти или 321 до сега. Моментно активни на болеста се 3.993 од кои во двете ковид болници се хоспитализирани 199 од нив 24 се во потешка здравствена состојба, при што пет пациенти се интубирани, инфорираше Еугена Томини од Институтот за јавно здравје.

Таа упати апел за поголема совесност во почитувањето на мерките и протоколите, зашто, како што посочи, масовното непочитување доведува до зголемен број зарзени но и оние на кои им е потребно болничко лекување.

Барањето за зголемување на бројот на тестрани го повторија експертите од оваа област. Тие бараат дневно да се прават 2.500 до 3.000 тестови, зашто само така, според нив, ќе се отслика реалната слика за состојбата со Ковид-19.