Во Хрватска од корона заразени 10 калуѓерки


Само во Осиечко-барањската жупанија во Хрватска, денеска има 12 нови случаи на Ковид-19, а меѓу нив има дури десет калуѓерки од манастирот „Милосрдните сестри на Светиот крст“ во Ѓаково, јавува „Јутарњи лист“. Во манастирот има околу 180 калуѓерки и тие сега се во изолација. Во Институтот за јавно здравје на Истра, анализите на примероци од …

Во Хрватска од корона заразени 10 калуѓерки Read More »

Поради поплавите прогласена вонредна состојба во седум општини во Србија


Во седум општини во Србија е воведена вонредна состојба поради надојдените реки по обилниот дожд, изјави претсавникот на српското Министерство за внатешни работи, Горан Николиќ. Поради надојдените води посебно е критична состојбата во западниот дел на Србија. – Во моментот најкритично е во општините Љубовија и Гуча, бидејќи таму врне од утрово. Добро е што …

Поради поплавите прогласена вонредна состојба во седум општини во Србија Read More »

Борел: ЕУ не е фактор ако не го реши Косово


Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ не може да тврди дека е меѓународен политички фактор ако не успее да го реши прашањето Косово. Тој во говорот на Форумот организиран од Германскиот Маршалов план во Брисел, изрази благодарност до Белата куќа за нејзините напори повторно да ги …

Борел: ЕУ не е фактор ако не го реши Косово Read More »

Европските социјалисти во Европскиот парламент бараат да не се отвораат нови поглавја со Србија пред обнова на демократијата


Групата социјалисти и демократи (С&Д) во Европскиот парламент (ЕП) оцени дека новиот српски парламент е „исмејување на демократијата“ и ги повика земјите-членки на ЕУ да не отвораат нови поглавја во преговорите за пристапување сè додека не се воспостави „доволно ниво на демократија“ во Србија. Потпретседателот на втората најсилна група во ЕП, Кати Пири, рече дека …

Европските социјалисти во Европскиот парламент бараат да не се отвораат нови поглавја со Србија пред обнова на демократијата Read More »

Турски адвокати протестираа против правосудната реформа


Турција– Претседателите на неколку турски адвокатски асоцијации од различни градови денеска зпочнаа мирни демонстрации, откако полицијата ги блокираше да стигнат до главниот град Анкара. Шефовите на адвокатските комори тргнаа од различни градови кон Анкара во знак на протест против владините планови за измена на законите што ги регулираат адвокатите и нивните здруженија, вклучително и начинот на …

Турски адвокати протестираа против правосудната реформа Read More »

Ѓукановиќ: Крадец сум, бидејќи им ја крадам илузијата за „голема Србија“


Црна Гора – Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска им порача на националистите кои го нарекоа крадец дека тие имаат право дза тоа, затоа што тој ја краде нивната илузијан која се вика „голема Србија“. – Тие сметаат дека сум одговорен за тоа што спречив да бидат добри извршители на туѓиот проект од 2016 година. Веројатно сметаат дека сум …

Ѓукановиќ: Крадец сум, бидејќи им ја крадам илузијата за „голема Србија“ Read More »

ЕУ: Изборот на гласачите во Србија беше ограничен поради владејачката партија


Белгија– Европската Унија се огласи за парламентарните избори во Србија попладнево, по извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, и истакнува дека за напредок кон ЕУ е потребен широк политички дијалог, јавува дописничката на МИА од Брисел. Вчерашните парламентарни избори во Србија се одржаа без учество на опозициските партии кои поради тоа нема да бидат дел …

ЕУ: Изборот на гласачите во Србија беше ограничен поради владејачката партија Read More »

Бројот на починатите во Србија од корона е двојно поголем од објавените, открива БИРН


Податоците од државниот информативен систем за Ковид-19 откриваат дека во Србија починале 632 лица, а не 244 како што наведуваа властите. Бројката на заразени од 17 до 20 јуни била најмалку 300, а не околу 90 како што се објавуваше   Бројот на заразените во податоците од информативниот систем за Ковид-19 на српската држава покажуваат …

Бројот на починатите во Србија од корона е двојно поголем од објавените, открива БИРН Read More »

Во Србија денеска 96 новозаразени


  Во Србија во последните 24 часа регистрирани се уште 96 нови случаи на корона вирус, а еден пациент почина. Во последното деноноќие тестирани се 5.438 лица. Во моментот во Србија има 731 активен случај, а на респиратор се 19 лица.

Бугарскиот премиер на распит во врска со истрагата за Божков


Бугарскиот премиер Бојко Борисов, министерот за финансии Владислав Горанов и пратеничката Менда Стојанова денеска беа на распит како дел од истрагата против сопственикот на казино Васил Божков, кој е во бегство и кој се товари за финансиски малверзации, соопшти Обвинителството. Божков, кој се смета за еден од побогатите Бугари, ја загуби својата коцкарска империја на …

Бугарскиот премиер на распит во врска со истрагата за Божков Read More »

Во Хрватска денеска има 19 нозозаразени од корона


Бројот на нови случаи во Хрватска за последните 24 часа е 19, со што вкупно има 2.336 пациенти со корона вирус, соопшти Националниот штаб. Најмногу од новозаразените се во Загреб – 9. Досега се тестирани 72 746 лица, од кои 268 во последните 24 часа. На болничко лекување се девет 9 лица. Нема пациенти на …

Во Хрватска денеска има 19 нозозаразени од корона Read More »

Во Косово ќе се тестираат само лицата со симптоми на Ковид-19, не и случаите на контакт


Министерството за здравство на Косово одллучи на неопределено време да го прекине тестирањето за Ковид-19 на случаите на лица кои имале контакт со носители на новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката испратена до неколку општини, по препорака на Институтот за јавно здравство на Косово, одсега ќе се врши тестирање само на …

Во Косово ќе се тестираат само лицата со симптоми на Ковид-19, не и случаите на контакт Read More »

Во Бугарија повторно е задолжително носењето маски, брз пораст на случаите


СОФИЈА – Бугарија во понеделникот им нареди на жителите повторно да носат заштитни маски за лице на сите затворени јавни места, откако земјата го забележа својот највисок неделен пораст во случаите со корона вирус. Наредбата, издадена од министерот за здравство Кирил Ананиев, дојде 10 дена по неговиот потег да носењето маски во затворени простории да …

Во Бугарија повторно е задолжително носењето маски, брз пораст на случаите Read More »

Се зголемува бројот на пациенти од Ковид-19 кои се во болница во Албанија


Во последното деноноќие во Албанија регитрирани се помал број новозаразени со Ковид-19, споредено со вчера, но забележан е зголемен број на лица кои се во болница, споредено со деновите од изминатата недела. Според Еугена Томини,од Институтот за јавно здравје, од направените 239 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 33 лица, од кои …

Се зголемува бројот на пациенти од Ковид-19 кои се во болница во Албанија Read More »

Црна Гора: Вирусот не ослабна, можни повторни жаришта


Типот на вирусот што се појави по укинувањето на мерките и прогласувањето на Црна Гора за „земја без корона“ не е послаб од оној што преовладуваше во првиот дел од епидемијата, соопштија за весникот „Побједа“ епидемиолози од Институтот за јавно здравје на Црна Гора. Тие истакнаа дека во моментов нема валидни научни податоци што би …

Црна Гора: Вирусот не ослабна, можни повторни жаришта Read More »

Непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 во бродови и барови во Грција


Во бродот од островот Егина, кон Атина, доцна синоќа, не се почитувале мерките за растојание меѓу патниците при влезот, ниту пак носеле маска, според фотографиите што ги објави онлајн изданието на весникот „Прото тема“, додека пак забавите продолжуваат да се одржуваат во барови и кафулиња на Миконос, но и во други грчки градови, јави дописничката …

Непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 во бродови и барови во Грција Read More »

Пленковиќ и Грабар Китаровиќ биле на турнирот Адрија тур


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ со сопругот, беа на тенискиот турнир „Адрија тур“ во Задар, каде финалето беше откажано, откако беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров е позитивен на новиот коронавирус. Во Задар, Пленковиќ поздрави неколку тенисери, меѓу кои и Чилиќ и Ѓоковиќ, кои биле во директен контакт со заразениот …

Пленковиќ и Грабар Китаровиќ биле на турнирот Адрија тур Read More »

Вархеи: ЕУ одлучна да и помогне на Србија на нејзиниот европски пат


Белгија – Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи изјави дека Европска Унија е подготвена да и помогне на Србија брзо да напредува на патот кон ЕУ и да го поддржи нејзиното економско опоравување по кризата со Ковид-19. – Важен ден за Србија со парламентарните и локалните избори. Со нетрпение ја чекаме новата влада да работиме на реформите …

Вархеи: ЕУ одлучна да и помогне на Србија на нејзиниот европски пат Read More »

Огромна победа на партијата на Вучиќ на изборите во Србија


Според првичните податоци направени од Цесид и Ипсос на примероци од 45 отсто од гласачите, Српската народна партија (СНП) на Александар Вучиќ ќе освои 62,4 отсто од гласовите. По неа е Социјалстичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ со 10,6 проценти и СПАС со 4,1 отсто. Според овие резултати само овие три партии ќе влезат во …

Огромна победа на партијата на Вучиќ на изборите во Србија Read More »

Ѓилас: Лажните избори не успеаја


– Претседавачот со опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, која ги бојкотираше изборите, изјави вечерва дека „овие лажни избори на Александар Вучиќ не успеаја“ затоа што на нив се излезени помалку од 50 отсто од гласачите. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓилас на прес конференција кажа дека според нивните податоци …

Ѓилас: Лажните избори не успеаја Read More »