Во Србија 81 новозаразен, еден почина


 

Според последните информации во Србија денеска има 81 новорегистриран случај со Ковид-19, а едно лице почина.

Според Министерството за здравство, на респиратори се 22 лица.

Вчера немаше починати кај нашиот северен сосед, а на повеќе од 6.000 тестирани, новозаразени беа 61.

Вкупниот број регистрирани случаи изнесува 33.080, а починаа 744 лица.

Во последните 24 часа биле тестирани 7.466 примероци, а вкупно 1.092.359‬.