Отворена канцеларија на американската ДФЦ во Белград

Со денешното отварање на канцеларија на Меѓународната финансиска корпорација за развој на САД (ДФЦ) во Белград, САД и Србија симболично пратија порака дека се посветени на имплементација на потпишаниот договор за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, изјавија по денешната средба на американската и српската владина делегација, специјалниот пратеник на американскиот претседател Ричард Гренел и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на средбата на која присуства преставници на 6 американски владини агенции, меѓу кои и извршниот директор на ДФЦ, Адам Бoлер и преставници на српскат влада со премирката Ана Брнабиќ главна тема беше имплементација на економскиот договор, во поглед на конкретни проекти во инфаструктурта, енергетиката и иницијативата за т.н. „мини Шенген“.

Гренел на прес конференцијата изјави дека Американците се нетрпелив народ и дека администрацијата на Трамп е уште понестрплива.

– Сакам да исполниме сè што потпишавме со Србија и сакам да им кажам на вашите луѓе – држете не за нашиот збор, не само за договорот од Вашингтон, туку и за сè што сме договориле, додавјќи дека не сака ова да остане само потпис на хартија и посочи дека „симболиката е важна, но дека не носи храна на масата“.

-Ние сме тука поради вербата на Доналд Трамп во овој процес. Додека работев во ОН, таму само се зборуваше и зборуваше за проблемот на Србија и Косово.Ние сакавме нешто друго, за што на почеток не критикуваа.Но јас верував, преку разговорите со луѓето од приватниот сектор во двете земји, дека нешто може да се направи. За економската нормализација е потребно извесно време, до година дена за резултати, но ако само тргнеме во политички расправии, тогаш ќе го направиме истото што други правеа во изминтите 32 години. Смисолот на договорот е луѓето да осетат економските придобивки, бидејќи тогаш и борбите околу симболите и политичките теми ќе изгубат на сила, кажа Гренел.

Српскиот претседател Александар Вучиќ се заблогадари на Доналд Трамп и истакна дека досега во Србија нема дојдено толку голем американска делагација кои се тука со цел да бидат присатни во регионот.

„Никој не ни дава пари, како што велат некои, бидејќи тоа е еден од начините на кои Американците инвестираат во целиот свет, и секако дека сакаат да вратат дел од тие пари на своите даночни обврзници, изјави Вучиќ, кој посочи дека е разговарано и за шемата на микро, средни и големи претпријатија,градба на патишта и железничко поврзување и за иницијативата „мини Шенген“.

-Сакаме уште проекти и ќе продолжиме со албанците да разговараме во Брисел и со радост ќе чекаме со нашите американски пријатели да разговараме и за мини Шенген, бидејќи за нас е тоа „аголен камен“ за еконмски развој на целиот регион, бидејќи тоа е отварање, правење на единствен пазар, подобра економија и живот, а не само да се мразиме меѓу себе, кажа Вучиќ.

Тој порача дека очекува многу брзо имплементација на сите договрени проекти, како и можност за обнова со САД на разрушените од НАТО бомбардирање згради на Генералштабот на војската и Министерството за одбрана.

За прв директор на ДФЦ во Белград поставен е америкнецот со српско потекло Џон Јовановиќ.

Американската владина делгација во наредните два дена во Белград ќе оствари повеќе средби со српсските министертва, стопански комори и стопанственици со цел имплеметација на Вашингтонскиот договор.