Огромен пад на активните случаи во Хрватска – денеска оздравеа 828 луѓе


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани нови 204 заболени со Ковид-19.

Во моментот активни се 1.268 од кои 278 се во болница, а од нив 27 се на респиратор.

Во последното деноноќие починаа две лица.

Од февруари кога беше забележан првиот случај, до денеска во Хрватска има 15.340 лица, од кои 257 починаа. Оздравеа 13.815 лица, а 828 во последните 24 часа.

Во самоизлоација во моментот се 9.314 лица.

До денеска тестирани се 273.684 лица, од кои 6.387 во последните 24 часа.