Босна и Херцеговина регистрира нови 344 заразени со Ковид-19


 

Во Босна и Херцеговина во последното деноноќие забележани се 244 нови случаи со корона вирус, а тестирани биле 2.220 лабораторски примероци.

Во Федерацијата има тестирани 1.591 примероци од кои 270 позитивни.

Пријавени се 11 смртни случаи, од кои четворица во последното деноноќие, а остананите од претходниот период. Со ова бројката на жртви се искачи на 476.

Досега се тестирани вкупно 149.037 примероци, а корона вирусот е потврден кај 16.879 лица.

До денеска во Федерацијата излечени се 12.523 пациенти, а активни се 3.880 случаи.

Во Република Српска во последните 24 часа регистрирани се 73 позитивни случаи, а тестирани биле 629 примероци.

Пријавен е еден смртен случај, со што бројот на починати се искачи на 293 жртви.
Оздравеа 5.833, а тестирани се вкупно 76.197 лица.

Во Брчко позитивен е еден пациент денеска.