Кривокапиќ мандатар на новата црногорска влада


Партијата Демократска Црна Гора (ДЦГ) на Алекса Бечиќ објави потпишан документ со кој од претседателот Мило Ѓукановиќ се бара мандатот за состав на нова влада да му го додели на Здравко Кривокапиќ, носител на коалициската листа „За иднината на Црна Гора“.

Документот со потписи на пратениците кои ќе го поддржат предлогот на Демократски фронт, коалицијата „Црно на бело“ на Дритан Абазовиќ и коалицијата на Бечиќ е објавен на Твитер налогот на Демократите

Со тој предлог, како и со предлогот Бечиќ да биде избран за претседател на Парламентот, трите победнички коалиции докажаа дека остануваат посветени на договорот за формирање нова влада во Црна Гора, по 30-годишното владеење на ДПС на Мило Ѓукановиќ.