Приведени премиерот на БиХ и уште две лица поради аферата респиратори


Претседателот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, директорот на управата за Цивилна заштита Фахрудин Солак и сопственикот на фирмата „Сребрена малина“ Фикрет Хоџиќ синоќа се приведени на испитување  во седиштето на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во рамките на истрагата за аферата респиратори. Тие и претходно дадоа изјава пред истражителите …

Приведени премиерот на БиХ и уште две лица поради аферата респиратори Read More »

Во Бугарија 14-дневен карантин само за граѓаните од осум земји


Бугарскиот Централен оперативен штаб предложи укинување на 14-дневниот карантин за бугарските и странските државјани од земјите-членки на ЕУ, како и за граѓаните од Северна Македонја и од Србија при влезот во Бугарија, јави БГНЕС. – Предлогот е врз основа на податоците на Европскиот центар за контрола на болестите, изјави денеска доцент Ангел Кунчев. Задолжителниот 14-дневен …

Во Бугарија 14-дневен карантин само за граѓаните од осум земји Read More »

Партијата на Курти одржа „проба за протест“


Владејачката партија Движење Самоопределување (ВВ), одржа попладнево нова, втора по ред, „проба за протест“ во центарот на главниот град на Косово, на која активисти и следбеници на партијата на вршителот на должноста премиер побараа одржување парламентарни избори, наместо формирање нова влада од постоечкиот парламентарен состав. Според проценките на косовските медиуми, на 45-минутниот „перформанс“, како што …

Партијата на Курти одржа „проба за протест“ Read More »

БиХ ги отвора границите за граѓаните на Србија, Хрватска и Црна Гора


 Советот на министри на БиХ одлучи да ги отвори границите на државата кон Србија, Хрватска и Црна Гора, а од 1 јуни и аеродромите во БиХ. Претседателот Зоран Тегелтија најави дека одлуката се однесува само на влез на граѓаните на Хрватска, Србија и Црна Гора и со оглед дека епидемиолошката состојба во регионот во последниве …

БиХ ги отвора границите за граѓаните на Србија, Хрватска и Црна Гора Read More »

Грчката Влада со 115 милиони евра ќе ги поддржи авиопревозниците


Со специјална рамка во висина од околу 115 милиони евра, која содржи пет конкретни мерки, грчката Влада ќе ги поддржи авиопревозниците кои бележат загуби поради пандемијата на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Министерствата за финансии, труд и социјални работи и инфраструктура и транспорт на Грција, преку заедничко соопштение велат дека конкретниот сектор, што …

Грчката Влада со 115 милиони евра ќе ги поддржи авиопревозниците Read More »

Во Србија нови 25 заразени, еден почина


Во последните 24 часа почина едно лице во Србија, а потврдени се и 25 новозараени од корона вирус. Тестирани се 4.534 лица, а вкупно од почетокот на пандемијата 234.019. До сега регистрирани се 241 починати лица од Ковид-19, излечени се 6.438, а вкупно заразени 11.300.

Света Гора делумно се отвора на 1 јуни, под посебни мерки и за ограничен број верници


Грција– Само со покани и само за поклонение, најмногу 15 верници дневно ќе можат да ги посетат манастирите во Света Гора од 1 јуни, кога по два и пол месеци делумно се укинува забраната за посети, објавија грчките медиуми. Света Гора, според истите информации, ќе биде отворена, но само со издадени покани за верниците, за …

Света Гора делумно се отвора на 1 јуни, под посебни мерки и за ограничен број верници Read More »

Во Србија еден починат и 48 новозаболени од корона вирус


Во последните 24 часа во Србија од последиците од корна вирусот почина едно лице, а забележани се нови 48 позитивни случаи од 5.714 тестирани. Со тоа, бројот на жртви од Ковид-19 од почетокот на пандемијата се искачи на 240. На респиратор се уште десетмина, во болница се 622 пациенти, а оздравеа 6.277.

Во Хрватска трет ден нема новозаболени, дозволени се свадби


  Властите во Хрватска соопштија дека и денеска нема новозаболени од Ковид-19, па одлучиле да попуштат некои мерки, пренесе Index.hr. „Бројот на новозаболени во Хрватска во последните 24 часа е 0, па вкупниот број заболени изнесува 2.244“, се вели во соопштението. До сега тестирани се 64.266 лица, од кои  584 во последните 24 ласа. Во …

Во Хрватска трет ден нема новозаболени, дозволени се свадби Read More »

Бугарија купува уште осум авиони Ф-16 и ќе ги модернизира С-300


Во следните неколку години Бугарија ќе купи уште осум американски авиони ловци Ф-16, изјави командантот на бугарското Воено воздухопловство, Цанко Стојков. Тој додаде дека новите авиони треба да бидат испорачани пред да се повлечат од употреба авионите МиГ-29. – Осумте авиони би требало да ги заменат МиГ-29, што ќе бидат повлечени поради застареност. Со оглед …

Бугарија купува уште осум авиони Ф-16 и ќе ги модернизира С-300 Read More »

Во Студентски град во Софија запленети околу 300 килограми кокаин


Околу 300 килограми кокаин биле пронајдени во Студентски град во Софија, а според првичните информации, станува збор за „депо“ за дистрибуција на дрога, а кокаинот најверојатно бил наменет за дистрибуција надвор од Бугарија, јави БГНЕС. Бугарската полиција вчера соопшти дека на 24 мај привела 31-годишен маж во Студентски град откако во неговиот автомобил открила околу …

Во Студентски град во Софија запленети околу 300 килограми кокаин Read More »

За помош од 100 евра се пријавиле околу милион српски гастарбајтери


Околу шест милиони граѓани на Србија аплицирале или веќе добиле помош од 100 евра, а меѓу нив има меѓу 500.000 и милион од оние кои живеат и работат во странство. Не е лесно да се утврди точно колку, затоа што дури и експертите не се согласуваат за бројот на луѓето кои имаат српско државјанство и …

За помош од 100 евра се пријавиле околу милион српски гастарбајтери Read More »

Големо невреме во Грција, загина жена погодена од гром


  Силно невреме зафати неколку региони во Грција, со грмотевици, молњи и силни врнежи. Невремето однесе и најмалку еден живот. Обилните дождови, проследени со град и силен ветар, погоди поголем дел од Грција денеска, а според метеоролозите ќе трае до петок. На островот Скопелос една жена настрадала од удар на гром, пренсе „Грик репортер“, Невремето …

Големо невреме во Грција, загина жена погодена од гром Read More »

Нов спор за јазиците: Академијата од Софија тврди дека и српскиот јазик потекнал од бугарскиот


Бугарската академија на науките објави книга во кој наведува дека има бугарски корени на јазиците на територија од Дунав до Гевгелија, од Копаоник до Тимок, Пчиња и Охрид. Здружението „Спона“ од Македонија ја известило Српската академија на науките и уметностите да реагира на ова тврдење на БАН. За ТВ Прва, д-р Виктор Савиќ од Институтот …

Нов спор за јазиците: Академијата од Софија тврди дека и српскиот јазик потекнал од бугарскиот Read More »

„Јутарњи лист“: Хрватска ќе плаќа надомест за скратеното работно време


Хрватското здружение на работодавачи и Владата водат интензивни преговори за новата програма за помош на економијата и зачувување на работни места откако ќе се искористат средства од постојниот пакет државни стимулации, а со цел компаниите да ја преживеат кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19. Според весникот „Јутарњи лист“, во тек се преговори за воведување државно …

„Јутарњи лист“: Хрватска ќе плаќа надомест за скратеното работно време Read More »

Мета: Од денес ќе имате многу официјален претседател


По неодамнешните дебати и обвинувања на американската амбасадорка во Тирана, за наводен таен договор за пропаѓање на реформата во правосудството, претседателот Илир Мета предупреди дека ќе има поинаков пристап кон средбите со лидерите на политичките партии и меѓународните претставници. Според него, од денес службената должност ќе ја извршува само со институционални состаноци со кој било …

Мета: Од денес ќе имате многу официјален претседател Read More »

Во Црна Гора ќе се дозволат свадби, крштевки и спортски натпревари со публика


За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан Марковиќ. „Ќе бидат дозволени свадби, крштевки, ограничен број на гледачи на спортски настани, со соодветни мерки“, рече Марковиќ. Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, вчера соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот …

Во Црна Гора ќе се дозволат свадби, крштевки и спортски натпревари со публика Read More »

Брнабиќ ги повика Србите да не одат во Црна Гора


Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, изјави синоќа дека Белград нема да воведе реципрочни мерки по одлуката на Црна Гора да не ја отвори границата за српските граѓани, и оцени дека тие не треба да одат таму каде што се непожелни. Брнабиќ изјави дека Србија нема да ја затвори границата за црногорските граѓани, но дека таа …

Брнабиќ ги повика Србите да не одат во Црна Гора Read More »

Уште една жртва на Ковид-19 во Грција, четворица новозаразени


  Во Грција во последните 24 часа од Ковид-19 почина еден човек, а уште четворица се заразија со болеста. Од почетокот на пандемијата во Грција бројот на заразени изнесува 2.882, од кои 627 Ковид-19 го добија во текот на патување во странство, а 1.640 се заразени во Грција, пренесе АНА: Во болница се само 18 …

Уште една жртва на Ковид-19 во Грција, четворица новозаразени Read More »

Курти: Избори ќе има во јули во Северна Македонија, треба да се организираат и во Косово


Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во кои тие ќе се одржат во наредните месеци, меѓу кои и Северна Македонија која, според него, ја чекаат избори во месец јули, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на Фејсбук …

Курти: Избори ќе има во јули во Северна Македонија, треба да се организираат и во Косово Read More »