Хрватска пријави малку заразени, но има 65 починати од Ковид-19, утре почнува вакцинацијата


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 350 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни изнесува 11.644. Меѓу нив 2.664 пациенти се на болничко лекување, а 271 пациент на респиратор. Починаа 65 пациенти,или вкупно 3.613. Досега се забележани 204.312 заразени со корона вирусот, а оздравеа 189.055 лица. Тестирани се 990.665 […]

Спречен е нов обид за атентат врз црногорската новинарка Оливера Лакиќ


Црногорските обвинители во петокот објавија дека е спречен нов обид за атентат врз црногорската истражувачка новинарка Оливера Лакиќ, врз која имаше обид за атентат во пролетта 2018 година, јави Хина. Специјалниот обвинител Саша Чаѓеновиќ соопшти дека двајца осомничени за планирање на убиството се уапсени во четвртокот, а другите членови на криминалната организација од претходно се […]

„Монтенегро ерлајнс“ од денес не лета – кој ќе одговара за уништената авиокомпанија


Авионите на државната авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ (МА) од денес повеќе нема да летаат, соопштија синоќа претставниците на МА. Националната авиокомпанија на Црна Гора постоеше 26 години, од кои сообраќаше повеќе од 23 години, пренесува порталот Банкар. „Поради новите околности кои се однесуваат на одлуката на Владата да не го поддржува постоењето на МА во иднина и […]

Бугарија добила вакцини за 5.000 луѓе, тешко ќе ни даде на нас


 Првата пратка вакцини против коронавирус пристигна во Бугарија. Првите 9.750 дози веќе се чуваат во фрижидер на регионалниот здравствен инспекторат во Софија. Тие ќе бидат доволни за вакцинирање на речиси 5.000 луѓе, бидејќи се даваат две дози во интервали од 21 ден. Вакцините ги поздрави министерот за здравство Костадин Ангелов, кој најави дека утре ќе […]

Возила се лизгаа по замрзната улица во Анкара, возачите немоќни


  Видео од Турција кое прикажува како неколку автомобили се лизгаат низ стрмна замрзната улица во главниот град Анкара, стана вирално на интернет. Снимката е направена на 24 декември. Видеото го снимил тинејџер кој потоа го објавил на социјалните мрежи, а во нешто повеќе од 50 секунди може да се види како возачите губат контрола […]

За патување во Турција задолжителен ПЦР тест


Од понеделник патниците што ќе пристигнат на турските аеродроми  за да влезат во земјата ќе треба да покажат негативен тест за Ковид-19, не постар од 72 часа. Мерката за задолжителен негативен тест ќе биде во сила до март. Мерката од 30 декември се воведува и за сите патувања по копно и по море. Ако патниците […]

Вакцините за Ковид-19 пристигнаа во Грција


Грција – Преку грчко- бугарската граница, од преминот „Промахонас“ во Грција, порано од најавеното, вечерва пристигна камионот со првата пратка од 9.750 дози на вакцината за Ковид-19, а веќе во недела и официјално ќе започне вакцинацијата во земјата, односно т.н. „операција Слобода“, јави дописничката на МИА од Атина. На граничниот премин беше заменик-министерот за цивилна заштита […]

Во Косово нови осуммина починати и 249 заболени од Ковид-19, мали олеснувања на мерките


Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се зголеми на вкупно 1.298 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа осум од лицата заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.048 тестови со методот […]

Во Србија помалку од 4.000 новозаразени, починаа 49 пациенти


  Според последните податоци, во соседна Србија денеска се регистрирани 3.823 новозаразени, а починаа 49 пациенти. Во последните 24 часа тестирани се 14.794, а вкупно досега 2.218.185. Во болница се лекуваат 9.699, а на респиратори се 300 пациенти.

Њузмакс Адриа: Жељко Јоксимовиќ планира да го купи Танјуг


Приватната компанија Минакорд медиум во сопственост на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ и косопственичката на ТВ К1, Мања Грчиќ, ја купува новинската агенција Танјуг, дознава неофицијално Њузмакс Адриа (Newsmax Adria). Од Танјуг не сакаа да ја потврдат или демантираат оваа информација, а Мања Грчиќ во порака за Њузмакс Адриа одговори дека не станува збор за купување […]

Грција утре ќе ја добие првата пратка од вакцините за Ковид-19


Првата пратка од 9.750 дози на вакцината за Ковид-19, се очекува утре да пристигне во Грција, а веќе во недела и официјално да започне вакцинацијата во земјата, односно т.н. „операција Слобода“, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката телевизија „Мега“, камионите со вакцините во земјата ќе влезат преку граничниот премин „Промахонас“ од Бугарија и […]

Новости: Во Србија пробно пуштен во работа гасоводот Балкански тек


Гасоводот „Балкански поток“ пробно е пуштен во употреба, објавија белградски Вечерње новости. Во моментов се тестираат автоматиката и контролните системи, се проверуваат диспечерските станици, вентилите, оптиката и напојувањето, со цел да се создадат услови тој енергент од правецот на Бугарија да потече од 30 декември, наведуваат Новости. Во веста се наведува дека еден од најважните […]

Во Босна и Херцеговина помалку од 600 новозаболени, починаа 22


  Во Босна и Херцеговина во петокот потврдени се помалку од 600 нови случаи на заразени со корона вирус, а 22 заболени со Ковид-19 починаа. Според податоците на ентитетските заводи за јавно здравје во четвртокот се спроведени нешто повќе од 2.500 тестови, а во Федерацијата се утврдени 324 заразени, 240 во Република Српска, а 29 […]

Во Словенија има 1.783 новозаразени, вакцинацијата почнува в недела


  Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.783 нови зарази со корона вирусот, објави во петокот словенечката влада. Направени се 5.189 ПЦР тестови и 7.236 брзи тестови. Се стабилизира и состојбата во болниците, каде нема наплив на нови пациенти. Во моментот на одделенијата има 1.189 пациенти, а 209 на респиратор. Починале 25 пациенти, […]

Хрватска повторно со многу починати од Ковид-19


  Во последните 24 часа забележани се 1.643 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи во земјата изнесува 13.881. Меѓу нив 2.662 пациенти се на болничко лекување, од кои 280 на респиратор. Починаа 84 пациенти, што е втор најголем број починати во еден ден со Ковид-19 откако еднаш имаше дури […]

Рама: Одлуката на ЕУ за вакцините за Западен Балкан е несреќна


И покрај барањето, ЕУ нема да дистрибуира вакцини во Албанија истовремено со земјите членки на ЕУ, а Балканот ќе ги добие само преостанатите вакцини.Ваквата одлука, за албанскиот премиер Еди Рама е – несреќна, пренесуваат локалните медиуми. „Ние сме во контакт со „Фајзер “, „Модерна “ и  со некои пријателски земји, но како што знаете ЕУ […]

Градоначалник на Бања Лука ги одзеде клучевите од службените автомобили


Новиот градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, кој вчера официјално ја презеде функцијата, нареди сите клучеви од над 50 службени автомобили да бидат вратени во просториите на канцеларијата на градоначалникот и на Инстаграм објави фотографија со работната маса полна со клучеви. „Никој нема веќе право да користи службени автомобили за приватни цели. Над 70 отсто […]

Рама: По Косово, енергетски се поврзуваме и со Северна Македонија


Албанскиот премиер Еди Рама најави дека по ставањето во функција на далновод Албанија – Косово на 14-ти овој месец, следен предизвик за албанската Влада е изградбата на 400-киловолтниот далновод со Северна Македонија. Шефот на албанската Влада денеска објави дека се почнати активностите за интерконекциската линијата со Северна Македонија, додавајќи дека Албанија е во процес на […]

Од Ковид-19 во Србија денеска починаа 49 пациенти


Според последните податоци, в Србија денеска има 4.091 новозаразени со Ковид-19, а починаа 49 пациенти. Во последните 24 часа тестирани биле 15.387 лица, а 2.203.391 од почетокот на епидемијата. Во болниците во моментот има 9.688 пациенти со корона вирус, а 312 се на респиратори. Досега од Ковид-19 починаа 2.882 пациенти во Србија, а стапката на […]

Ѓилас ја повика ЕУ да ги вклучи Србија и Западен Балкан во вакцинација


 Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, ја повика денеска Европска Унија да ги вклучи Србија и земјите од Западен Балкан во процесот на вакцинација со истите вакцини што ќе се користат во Унијата, со што ќе покаже дека не се точни тврдењата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека европската солидарност е […]