Во Словенија расте бројот на новозаразени, се размислува за построги мерки
Во Словенија расте бројот на новозаразени во последните 24 часа, па така, од речиси 16.000 испитани, потврдени се 1.850 нови случаи, објави владата, а во страв од новата варијанта се размислува за построги мерки.
Процентот на позитивни наоди изнесува 26,4 отсто. Владата доцна попладнево на состанок со епидемиолозите ќе расправа за можни нови мерки.
Во болниците има 1.144 пациенти, а бројот новозаразени зголемен е за 138 од претходниот ден.
Пред неколку дена беше откриен новиот англиски сој, па сега се следи неговата распространетост, а земените брисеви укажуваат дека можное да циркулирал уште кон крајот на минатата година.
Во земјата во последно време расте заразноста меѓу членови на семејства и на работните места, а паѓа процентот заразени во старечките домови каде е извршена вакцинација со прва доза.
Словенечките медиуми сметаат дека владата ќе дозволи училиштата да работат, а во нив настава да посетуваат децата до трето одделение, додека од средината на февруари да се дозволи сите ученици да се вратат во училишните клупи.