Во Хрватска нови 857 заразени, починаа 31 пациент


 

Во Хрватска со денови се бележи помал процент новозаразени во однос на тестирани, Пред десетина дена тој процент изнесуваше 15, а сега е помал од 10 отсто.

Така, денеска се забележани 857 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни е 3.050.

Меѓу нив на болница се 1.381 пациент, а 135 на респиратор.

Во истиот период починаа 31 од последиците на Ковид-19.