Делови од Србија под снег, 17 села немаат струја


  Во западниот и југозападниот дел на Србија паѓа снег, а висината на снежната покривка некаде изнесува и до 40 см. Во пониските предели има 5-10 см снег. „Снегот и понатаму паѓа, а висината на снежниот покривач од час во час е се повисока. Штом престане да врне, ќе го чистиме снегот“, вели за Рина […]

Во Албанија регистрирана најмладата жртва од Ковид-19, на само 21 година


Во последното деноноќие,покрај големиот број новозразени, во Албанија регистани се седум починати лица од Ковид-19, меѓу нив и 21-годишен пациент, што е најмлада жртва до сега од вкупно починатите 1.230 лца од опасниот вирус. Според Министертвото за здравство и социјална заштита,во изминатите 24 часа направени се 3.927 тестови, а опасниот вирус е дијагностициран кај 673 […]

Нов земјотрес во Хрватска со јачина од 3,2 степени


  Денеска во 15.19 часот на подрачјето на Сисак во Хрватска повторно беше почувствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер, јави ЕМСЦ. Спицентарот е на 19 километри југозападно од Сисак, а се почувствуавл од Банија до Загреб.

Во Србија 2.218 нови случаи на корона вирус, починаа 34 лица


Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 11.068 граѓани од кои 2.218 биле позитивни на Ковид-19. Министерството за здравство соопшти дека починале 34 лица. Од почетокот на пандемијата, во Србија се регистрирани вкупно 356.125 случаи на коронавирус, починале 3.513 пациенти, а тестирани се вкупно 2.378.015 граѓани, пренесува „Танјуг“.

Високата стапка на смртност на лекарите во Србија мора да се испита


Српскиот епидемиологот проф. Д-р Зоран Радовановиќ изјави денеска дека Кризниот штаб и Министерството за здравство мора да дадат одговор на прашањето зошто 70 лекари починале од последиците на коронавирусот од почетокот на пандемијата во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Радовановиќ изјави дека не е познат бројот на смртни случаи меѓу другите медицински работници, […]

Лончар: Укинувањето на ПЦР тестот за влез во Србија по 10 јануари зависи од епидемиолошката состојба


Дали по 10 јануари ќе бидат продолжени строгите мерки на границите на Србија, кои за странските државјани вклучуваат задолжителен негативен ПЦР-тест или десетдневен карантин за српските граѓани кои се враќаат, исклучиво ќе зависи од епидемиолошката состојба, изјави денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар. Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој апелираше до […]

Поплави во Косово: Одрон на автопат, евакуација во Ѓаковица


  По големите врнежи во Косово, дојде до одрон на земјиште покрај автопат, а полицијата најавува евакуација на жителите во Општина Ѓаковица. Обилните дождови предизвикаа одрон на автопатот „Ибрахим Ругова“, но тој е прооден. Како што наведуваат од Министерството за инфраструктура, одрони прават проблеми и на други помали патни правци. 📍Gjakovë08.01.2021 pic.twitter.com/absPO9xzqc — ARDI (@ardenisrud1) […]

Задолжителен седумдневен карантин за сите кои пристигнуваат во Грција


Од три на седум дена е зголемен домашниот карантин за сите оние кои од странство пристигнуваат во Грција, согласно новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство, што од денеска ќе стапат во сила до 21 јануари, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот […]

Бројот на починати од корона во Бугарија надмина 8.000


Падот на идентификуваните нови случаи на инфекција во Бугарија продолжува, бидејќи во последните 24 часа тие се 867 или 11 проценти помалку во последните седум дена, според податоците во Единствениот информативен портал. По наглото намалување на бројот на извршени тестови за време на викендот на крајот од минатата година, нивниот број сега изнесува околу 10 […]

Во Грција ќе се вакцинираат по околу 8.000 лица дневно


Можноста за вакцинација на дневно ниво ќе се зголеми од 5.000 на 8.000 лица, а можеби и малку повеќе, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на редовниот состанок со надлежните министри за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис го изрази неговото задоволство од фактот што процесот на вакцинација, […]

До 21 јануари нема влез на државјани на трети земји во Грција


Грција ја продолжи одлуката за ограничување на копнените поврзувања на земјата и за забраната за влез на државјани од трети земји до 21 јануари, јави дописничката на МИА од Атина. Продолжената одлука на грчката Влада за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на […]

Се отстранува врвот на катедралата во Сисак, има 15 тони, а може да падне


  Денеска почнува отстранувањето на врвот на катедралата во Сисак, Хрватска, откако по земјотресите се навали и може да падне врз околните објекти. Во целата акција вклучени се 30 луѓе, од полицијата, Хрватската горска служба за спасување, пожарникари, кои ќе ја одработат главната акција, пренесе „Н1“. „Капата на врвот има околу 15 тони, а кога […]

Турција ќе го лансира својот прв комуникациски сателит 


Турција-Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган објави дека денеска ќе биде лансиран комуникацискиот сателит од петтата генерација „Турксат 5А“. – „Турксат 5А“, ако даде бог, ќе ни испрати прв поздрав од Вселената. Нека ни е со среќа, напиша Ердоган на социјалните мрежи. „Турксат 5А“. Е прв комуникациски сателит од турско производство.

Уште еден земјотрес во Петриња, а утре снег до 10 см


  Нов земјотрес во хрватска Петриња, со јачина од 3,5 степени по Рихтер, почувствуван попладнево во 18.24 часот, јавува ЕМСЦ. Сепак, Хрватската сеизмолошка опсерваторија потврди дека земјотресот бил со јачина од 3,9 степени според Рихтер. Граѓаните сведочат дека се почувствува силно во Сисак и во Петриња, а нешто послабо и во Загреб. Траел неколку секунди. […]

Во Србија помалку од 2.000 новозаразени


  Во Србија во последните 24 часа заразени се уште 1.787 лица, а починаа 35 пациенти, На респиратори во болниците се 229 пациенти, а во болниците има 6.311 на лекување. Во последните 24 часа на корона вирус се тестирани 8.845 лица. Во последните денвои кај нашиот северен сосед се забележува помал број новозаразени, а лекарите […]

Во Словенија 2.663 новозаразени, починаа 23 пациенти


  Во СЛовенија во последните 24 часа потврдени се нови 2.663 заразени со корона вирусот, а од последиците на болеста починаа 23 лица. Направени се 18.200 тестирања. Податоците за новозаразени се загрижувачки затоа што покажуваат раст во однос на оние пред седум дена, која дневно имаше по 2.423. Во болница се лекуваат 1.169 пациенти, а […]

Нови 43 жртви на Ковид-19 во Хрватска, заразени уште 562


  Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани нови 562 случаи на зараза со корона вируспт, а бројот на активни случаи е 6.272. Од нив 2.284 пациенти се на болничко лекување, а 200 на респиратор. Починаа 43 пациенти или вкупно досега 4.266. До денеска забалежани се 216.848 заразени, 206.310 оздравени, а во самоизолација се […]

Нов земјотрес од 3,5 степени во Петриња и Сисак


Уште еден земјотрес ја погоди денеска централна Хрватска, шест минути по пладне. Епицентарот бил меѓу Сисак и Петриња. Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 3,5 степени.

Клуге: Земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, како и Србија


Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска, на редовната прес-конференција за коронавирусот, рече дека земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, на начин на кој Србија веќе ги обезбеди. Тој беше прашан од новинар на британски Телеграф – кога другите земји во регионот од Западен Балкан „ќе обезбедат вакцини […]

Каракачанов ќе извиси на изборите?


Според последното истражување на агенцијата „Алфа рисрч“, само помалку од половина од Бугарите ќе гласаат на парламентарните избори во март, додека дури 22 отсто сигурно нема да гласаат.Исто така според оваа анкета, популарноста на актуелниот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов е под прагот од 4 отсто за влез во Националното собрание. Далеку поголема […]