Албанската министерка за образование Евис Куши е позитивна на Ковид-19


Албанската министерка за обрзование, спорт и млади, Евис Куши, како што самата објави на својот профил на Фејсбук, е позитивна на коронавирусот, наведувајќи дека се наоѓа во самозлоација и оти работните обврски ќе ги обавува од дома.

„По тестирањето за Ковид-19, ве известувам дека имав позитивен резултат. Во моментов сум во карантин, следејќи ги сите упатства на лекарите и ќе продолжам да ги обавувам работните обврски од дома. Ве повикувам сите да ги почитувате мерките и протоколи за да спречите ширење на вирусот. Ви посакувам добро здравје Вам и на вашите семејства“, напиша Куши на Фејсбук.

Таа не е прв министер погоден од вирусот. Претходно заразени со опасниот вирус беа министерката за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, министерка за финансии Анила Денај, како и министерот за туризам и животна средина Бленди Клоси.

Во меѓувреме медиумите ја пренесоа веста дека како последица на Ковид-19 денеска починал сопственикот на „Fax Media Group“, Касем Хусанбели (60) на денот на неговиот роденден. Тој успешно раководеше и со неколку други медуми во Албанија, Њуз 24, дневните весници Панорама и Газета шќиптаре, агенцијата Балкан веб и радиото РАШ.