Поради ниски температури – портокалов метеоаларм во БиХ


БиХ–  Во Босна и Херцеговина денеска беше вклучен жолто-портокалов метеоаларм поради многу  ниски температури, јавија сараевски медиуми.

Хидрометеоролошки институт предупреди на ниски температури, во Фоча и Вишеград беше вклучен портокалов метеоаларм, а температурите може да достигнат до минус 15 степени.

Жолтиот метеоаларм е вклучен за Сараево, Мостар, Требиње, Ливно, Бихаќ, Бања Лука и Приједор, каде што температурите може да бидат до минус девет степени.

Утрово во 7.00 часот најстудено беше на Бјелашница – минус 17 степени.