Во Словенија нови 329 случаи со корона вирус, починаа 12 пациенти


 

Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се 329 случаи со зараза од корона вирусот, 12 пациенти починаа, а со сегашниот релативно поволен тренд, кон почетокот на март се очекуваат дополнителни попуштања на епидемиолошките мерки.

Новозаразените се дури за третина помалку од минатата недела.

Во моментот седмодневниот просек на потврдени зарази во еден ден е 823, а паѓа и бројот на луѓе во болница.

Владата во четвртокот прогласи „портокалова“ фаза на епидемијата во која се отвораат сите продавници до површина од 400 метри квадратни, бројот на луѓе собрани во група од шест се качи на 10, се отвораат и основните училишта за настава во живо, како и средните за настава за матурантите.

Од утре е допшутено и движење надвор од општинските граници, но полицискиот час со забрана за движење навечер останува на сила.