Уште 16 пациенти со Ковид-19 починаа во Србија, новозаразени се 1.386
Во последните 24 часа во Србија тестирани се 7.292 лица за корона вирус, а позитивни биле 1.386.
Во истиот период починаа уште 16 пациенти или вкупно 4.230.
Во болница се лекуваат 3.846 пациенти, од кои 134 на респиратор.
Досега се теситрани 2.770.169 лица, а вирусот е потврден кај 420.879 луѓе.
Процентот на заразени веќе две недели е стабелен и изнесува околу 16-17 отсто, а утре во Србија се очекуваат дополнителни 40.000 вакцини од „Фајзер“.