Словенечкиот Парламент ќе гласа за доверба на владата на Јанша


Словенија– Парламентот на Словенија денеска ќе гласа за доверба на Владата на премиерот Јанез Јанша.

Опозицијата ја обвинува Владата дека не ги почитува основните принципи на Уставот на земјата, вклучително и поделба на власта и слобода на печатот, како и за загрозување на остварувањето на човековите слободи и владеењето на правото во земјата.

Според локалните медиуми, се очекува опозицијата да не го собере потребното мнозинство за отповикување на владата на Јанша, но гласањето ќе ја покаже вистинската моќ и на опозицијата и на владејачката коалиција и ќе стави крај на конфликтите на политичката сцена кои траат со недели.