Марио Кордиќ избран за градоначалник на Мостар


Во третиот круг избори во Градскиот совет на Мостар, 17 советници гласаа за Марио Кордиќ. Со тоа, кандидатот на Хрватската демократска заедница на Босна и Херцеговина (ХДЗ БиХ), Марио Кордиќ, актуелен директор на здравствениот дом во Мостар, е избран за нов градоначалник на Мостар.

Во третиот круг во Градскиот совет на Мостар, 17 советници гласаа за него, додека неговиот противкандидат Златко Гузин (Коалиција за Мостар) доби еден глас помалку.  Две гласачки ливчиња беа неважечки.

Во третиот круг, за избор на прв човек на Мостар беше неопходно просто мнозинство, односно 18 гласови или помалку – во зависност од бројот на неважечки ливчиња, појаснува Анадолија.