Заразени уште 1.331 во Србија, починаа 15 луѓе


 

Според последните информации, во Србија во последните 24 часа потврдени се уште 1.331 случаи на заразени со Ковид-19, а починаа 15 лица.

Вкупно досега во Србија од корона вирус заболеле 422.210, а починале 4.245‬. Процентот на смртност е 1,01 отсто.

Досега се тестирани 2.775.719 гараѓани, а 5.550 во последните 24 часа.

ВО болница се лекуваат 3.891 заболени, а на респиратор се 142 пациенти.

Денеска, во Србија стигнаа уште 40.950 вакцини од „Фајзер“.