Еуроактив: 30 отсто од албанските граѓани се иселиле, половина од населението сака или планира да замине


 Според податоците објавени од Форбс, албанските граѓани ја сочинуваат третата по големина дијаспора во светот, со околу 30 отсто од родените во земјата, кои сега живеат надвор од нејзините граници, пишува Еуроактив. Додава дека на рангирањето на Форбс, Албанија е трета со околу 1,2 милиони имигранти, бројка која ја става земјата над Сирија, Молдавија и […]

Дендиас слетал во Триполи, кога видел кој го чека – одлетал


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас слета во Триполи во Либија, но откако бил информиран дека неговиот либиски колега, кој има блиски врски со Турција, го чека на аеродромот, му наредил на пилотот повторно да полета, јавија грчките медиуми. Дипломатскиот инцидент најверојатно дополнително ќе ги влоши и онака заладените односи меѓу Грција и администрацијата во […]

Бугарските царинарници открија и запленија 35 пиштоли и 557.000 евра


  Цариниците на граничниот премин помеѓу Бугарија и Турција, „Капетан Андреево“при контрола на комбе открија и конфискуваа 35 пиштоли и четири празни рамки за муниција, соопшти бугарската Царинска агенција. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на граничниот премин „Капетан Андреево“ пристигнал минибус со странска регистрација, управуван од 47-годишниот возач, кој сам патувал од […]

Што се случува во Бугарија и зошто Бојко Борисов не сака да владее


  Веќе месец и половина сме сведоци на импровизиран политички театар: Бојко Борисов ем сака да има редовна влада, ем нема желба да владее. Како и секогаш, тој е крајно убедлив во двете улоги: додека се колне и крсти дека 100% ќе има влада, неговите портпароли со еднаква жар објаснуваат дека попрво би си ја […]

Вучиќ: Неопходно е формирање на регионален пазар на извори на енергија


  Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека е неопходно да се почне со формирање на регионален пазар на извори на енергија, за да можат земјите од Балканот да си помагаат меѓусебно, имајќи предвид дека сите имаат различни можности и капацитети во тоа област, јави дописникот на МИА од Белград. -Со сите проблеми со […]

Бугарија е прва во Европа по употреба на антибиотици


  Бугарија е на првите две места во Европа и по употреба на антибиотици и по нивоа на антимикробна отпорност. Ова ја носи Бугарија и на врвот по смртност поради некои тотално отпорни бактерии: ешерихија коли и клебсиела пневмонија. Овие податоци денеска ги соопшти Ива Христова, директорка на Националниот центар за инфективни и паразитски болести. […]

Дојавата за бомба и во училиште во Загреб е лажна


Основно училиште во Загреб, утрово е евакуирано, по дојава за поставена бомба, јавува „Индекс“. Но, по пиротехничкиот преглед што го изврши полицијата, се покажало дека се работи за лажна дојава.  Учениците беа изнесени надвор од објектот, а до училиштето се наоѓа и градинка. Полицијата веќе истражува од каде доаѓаат закани. Дојавата за бомба стигнала во 7.30 […]

Фајненшл Тајмс: Влезот на Хрватска, Романија и Бугарија во Шенген зависи од Холандија и Шведска


Европската комисија ги повика земјите-членки веднаш да ги примат Бугарија, Хрватска и Романија во Шенген зоната бидејќи постигнале „силни резултати“, но одговорот на тоа барање не е во Брисел, туку во Холандија и Шведска, пишува денеска Фајненшл Тајмс. Хрватска сè уште е нова во чекањето за проширување на Шенген, но Бугарија и Романија стојат во […]

Хрватска воведува данок на екстра-профит за 2022 година


  Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави воведување данок на екстра-профит во земјата. – Законот за дополнителен данок на доход го испраќаме на јавна расправа. Тоа значи дека оние кои имаат повеќе им помагаат на оние кои имаат помалку. Сметаме дека овој вид данок би бил солидарен придонес, рече Пленковиќ на владина седница, додавајќи дека […]

Уапсен уште еден осомничен за нападот во Истанбул


Турските безбедносни сили во Сирија лишија од слобода уште еден осомничен за терористичкиот напад во Истанбул, при што беа убиени шест лица, јави турскиот телевизиски канал „А Хабер“. Според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ситуацијата во Истанбул се вратила во нормала по нападот. „Уште еден терорист, кој помогнал да се изврши нападот, е фатен во […]

Бугарија дозволи отворање почесен конзулат на Србија во Благоевград


Бугарија– Бугарската влада донесе одлука со која даде согласност да се отвори конзулат на Република Србија раководен од почесен конзул во Благоевград, јави дописникот на МИА од Софија. Митко Солаков ќе биде почесен конзул на Србија во Бугарија. Тој ги има потребните јавни и деловни контакти за да помогне во развојот на економските односи, како […]

Во Бугарија дводневен форум на воените министри од Југоисточна Европа


Бугарија– Во Софија денеска и утре ќе се одржи годишен состанок на министрите за одбрана во СЕДМ формат, Процес на состаноци на министрите за одбрана од Југоисточна Европа, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за одбрана. Домаќин на форумот е вршителот на должноста министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов. Како што јави дописникот на МИА […]

Бугарската влада го подготви договорот за купување на втората серија од осум авиони Ф-16 Блок 70


 Преодната влада на Бугарија до 48. Народно собрание достави договор со САД подготвен за ратификација, јави дописникот на МИА од Софија. Преодната влада го направи овој чин седум дена откако пратениците дадоа поддршка за проектот. Доставувањето на договорот се совпадна со кризата околу ракетата што ја погоди Полска. Бугарската влада однапред ги одобри договорите една […]

Додик: Не постои пат на Босна и Херцеговина за НАТО


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој денеска присуствуваше на полагањето свечена заклетва на новоизбраните членови на Претседателството на Босна и Херцеговина во Сараево, изјави дека патот на земјата кон НАТО не постои, дека нема договорен став за него и дека сѐ што денеска кажа Жељко Комшиќ во своето обраќање е „чиста лага“. Коментирајќи ги […]

Србија, Унгарија и Австрија со заеднички полициски сили кон Северна Македонија ќе ја штитат Европа од мигранти


Српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Белград потпишаа Меморандум за разбирање меѓу трите земји за зајакнување на трилатералната соработка на полето на ефикасна борба против илегалната миграција, со кој преку усогласување на визната политика на Србија со Тунис, Бурунди и други земји и со заедничи полициски […]

Рама: Пристаништето Драч е најголемата инвестиција во регионот, оние кои се против него се непријатели на иднината


  Албанскиот премиер Еди Рама денеска реагираше во врска со низата обвинувањата на опозицијата за инвестицијата во туристичкото пристаниште Драч, за која тоа претставува „мега коруптивна афера”. Во реакција на Твитер тој наведува дека „непријателството против најголемата инвестиција во регионот треба да им послужи на сите жители на Драч да го видат лицето на непријателите […]

Турските медиуми објавија видео од моментот кога е поставена бомбата во Истанбул


  Во видео реконструкција на движењето на Сиријката Ахлам Албашир која е осомничена дека ја поставила бомбата во центарот на Истанбул од која загинаа шест, а беа повредени неколку десетици лица, се гледа моментот кога е оставен експлозивот. Турските медиуми објавија видео реконструкција на движењето на Албашир од еден од истанбулските плоштади до прометната пешачка […]

Бугарскиот премиер Донев најави состанок на Советот за безбедност


Бугарскиот премиер Гулаб Донев најави дека ќе го свика Советот за безбедност на преодната влада, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарскиот совет ќе расправа за заканите од ескалација на конфликтот во Украина, откако Полска беше погодена од ракета во вторникот, при што загинаа двајца нејзини граѓани. Средбата во Софија ќе се одржи по состанокот […]

По хакерските напади Албанија ќе потроши 2,8 милиони евра за модернизација на серверите


 Нападите на иранските хакери во албанската кибернетичка мрежа и постојано објавувањето мејлови и документи на високи функционери, донесе директна закана по националната безбедност, поради што владата одлучи да ги модернизира серверите на албанскиот систем. -По овој сериозен преседан кога беше нападната платформата e-Albania и системот TIMS каде што сите лични и државни податоци станаа јавни, […]

Радев: Инцидентот во Полска е неприфатлив и претставува ризик за дестабилизација на целиот регион


Претседателот на Бугарија, Румен Радев, во врска со експлозијата на полската територија, изјави дека инцидентот во Полска, кој доведе до загуба на човечки животи, е неприфатлив, претставува ризик за дестабилизација на целиот регион и за проширување на територијалниот опсег на војната на Русија против Украина, јави дописникот на МИА од Софија. Според Радев, „потребно е […]