Турските медиуми објавија видео од моментот кога е поставена бомбата во Истанбул


 

Во видео реконструкција на движењето на Сиријката Ахлам Албашир која е осомничена дека ја поставила бомбата во центарот на Истанбул од која загинаа шест, а беа повредени неколку десетици лица, се гледа моментот кога е оставен експлозивот.

Турските медиуми објавија видео реконструкција на движењето на Албашир од еден од истанбулските плоштади до прометната пешачка улица, како го остава ранецот со експлозивот и потоа трчајќи бега од местото каде што ќе одекне експлозијата неколку минути подоцна.

Видео реконструкцијата е очигледно направена од снимки на безбедносни камери, но и од снимки од мобилни телефони или други камери на кои се следи движењето на Сиријката Албашир.