Божиновиќ: Очекувам Хрватска на 8 декември да добие зелено светло за Шенген


Очекувам Хрватска на 8 декември да добие конечна потврда за влез во Шенгенскиот простор, бидејќи австриската загриженост не е поврзана со која било држава туку со севкупното функционирање, изјави денеска  хрватскиот потпретседател на Владата и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ. Во изминатите денови австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер се спротивстави на проширувањето […]

(Фото/Видео) Поплави во делови од Хрватска, сообраќајот во прекин поради излевање на морето


Невреме придружено со силен дожд и ветер утрово погоди делови на Хрватска, јавија локалните медиуми. „Глас на Истра“ пишува дека на брегот на Пула пливаат автомобили, морето е на работ да се излее, а на една улица паднало дрво на коловозот. Сообраќајот се одвива доста отежнато, а видливоста е намалена, па се препорачува максимална внимателност. […]

Курти го прифати американскиот предлог за 48-часовно одлагање на казнувањето за таблички


Косовскиот премиер, Албин Курти објави дека го прифаќа барањето на амбасадорот на САД, Џефри Ховениер за одлагање за 48 часа на почетокот на казнување на лицата кои не ги смениле регистерските таблички издадени од Србија со таблички со ознаката РКС – Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на […]

Косовската полиција соопшти дека од утре ќе ги казнува тие што не ги смениле српските таблички


  Полицијата на Косово (ПК) вечерва објави дека од вторник, 22 ноември, ќе почне да изрекува парични казни за лицата кои се движат во земјата со регистерски таблички издадени од Србија, односно за оние кои во предвидениот рок не ги регистрирале своите возила со таблички со ознака РКС – Република Косово, јави дописникот на МИА […]

Мафијата на Западен Балкан стана клучен играч на регионалниот и европскиот пазар на дрога


Белгија – Криминалните мрежи во Западен Балкан станаа клучни актери и на регионалниот и на европскиот пазар на дрога, се посочува во извештајот на Европски центар за следење на дрога и зависност од дрога (EMCDDA). Извештајот на оваа Агенција покажа дека стратешката географска положба на земјите како Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и […]

Дојави за бомби и во училиштата во Хрватска


Три основни училишта во Загреб добија пријави за бомби, јавија хрватските медиуми. Сите три училишта се евакуирани. Како што пренесуваат медиумите децата од едно од училиштата биле однесени на училишното игралиште. Како што изјавија за Индекс од загрепската полиција, ја проверуваат веродостојноста на пријавите. „Можеме да потврдиме дека добивме пријави и во тек се проверки“, […]

Сѐ повеќе Турци бегаат во Германија


Нема слобода на мислење, но затоа има висока инфлација и сиромаштија – политичката и економската ситуација во Турција е напрегната. Сѐ повеќе Турци бегаат во Германија. ДВ ги има податоците од сојузната полиција. Линк до текстот тука

Пропадната средба меѓу Вучиќ и Курти во Брисел


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорот со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел изјави дека не бил постигнат апсолутно никаков договор за регистарските таблички. „Српската страна беше целосно конструктивна и ги прифативме текстовите што беа десет пати менувани, но албанската страна недна секунда не сакаше да прифати ништо, секогаш додаваше нешто што очигледно […]

Радев сака избори во март, другите бараат што побргу


 На последните избори народот не гласаше за доверба на ниту една политичка сила да владее сама, напротив – парламентот е расцепкан и тоа го прави напорот за проектирање на мнозинство тежок, но не и невозможен процес. Со овие зборови претседателот Румен Радев им се обрати на претставниците на „Демократска Бугарија“ со кои одржува консултации за […]

Земјотрес со јачина од 5,5 степени во близина на грчкиот остров Крит


Во морскиот дел меѓу островите Касос и Крит, час и половина по полноќ беше регистриран земјотрес со јачина од 5,5 степени, што бил почувствуван во повеќе делови на земјата, а нема информации за повредени или материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил […]

Петмина „вечни“ градоначалници во Словенија го добија осмиот мандат


  На вчерашните локални избори во Словенија, граѓаните повторно гласаа за петтемина градоначалници, кои се на функција од 1994 година, всушност тие добија осми мандат. Меѓу нив е градоначалникот на Церкље на Горењска, кој освои повеќе од 70 отсто од гласовите, а градоначалниците на Рогашка Слатина, Рогатац и Горњи Петровац во првиот круг освоија 64 […]

Албанија ќe згрижи 160 спортистки од Авганистан


  Албанскиот премиер  Еди Рама потврдно му одговорил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дека неговата земја ќе ги прифати 160-те  девојчиња-спортистки евакуирани од Авганистан.   Веста ја соопштил лично претседателот на ФИФА на прес-конференција од Доха, Катар, јави албанската државна агенција, АТА.   Тој рекол дека додека “западот ги затвори вратите, Еди Рама и Албанија […]

Радев: Третиот мандат за нова бугарска Влада ќе биде врачен по Нова година


 Третиот мандат за формирање нова бугарска Влада ќе биде врачен по Нова година, за да има избори во Бугарија во месец март, најави бугарскиот претседател Румен Радев на консултациите со „Демократска Бугарија “. Радев изрази надеж дека нема да дојде до ваква ситуација, коментирајќи дека има повици од различни кругови во Бугарија веднаш да се […]

Осомничени за нападот во Истанбул уапсени во Бугарија


  Петмина од осомничените за смртоносниот напад во Истанбул се уапсени во Бугарија. Приведени се три лица со молдавско државјанство и еден маж со арапско потекло. Меѓу уапсените е и десната рака на човек кој Интерпол го бара за тероризам. Акцијата се одвивала под целосна тајност, јавува бугарската телевизџија Нова. Веста ја потврди портпаролката на […]

Затвор за негативен коментар за Вучиќ, бара политичарка од Ниш


  Нишката политичарка, членка на Социјалистичката партија на Србија, Ана Гроздановиќ, која се прослави со изјавите за „Православните катодни цевки“, на Инстаграм покрена иницијатива дека секој негативен коментар за ликот и работата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, треба да биде казнет со затвор, пренесува „Јужни вести“. Досега прогресивците се издвојуваа во „одбраната на Вучиќ […]

Обвинителот за злосторствата на ОВК сега ќе го истражува Трамп


  Американскиот адвокат Алекс Вајтинг е назначен за вршител на должноста главен обвинител на судот за злосторства извршени од борците на ОВК во Хаг, соопшти обвинителството на тој суд. Вајтинг ќе ја извршува таа должност додека не биде назначен нов главен обвинител, се вели во изјавата што во саботата половина час по полноќ ѝ ја […]

Бериша: Протестираме на 6 декември, лидерите на ЕУ тоа да го разберат како добредојде


 Поранешниот албански премиер и актуелен пратеник и лидер на побројното крило на опозициските демократи,  Сали Бериша, изјави дека 6 декември е датум кога “опозиционерите треба да го покажат својот глас пред Европската унија, за да се одбрани плурализмот”.   На седница на претседателството изјави дека лидерите на Европската унија овој чин треба да е разберат […]

Протест во Софија против враќањето на хартиените гласачки ливчиња


 Бугарските граѓани од Софија и од Варна денеска протестираат против враќањето на хартиеното гласачко ливче, јави дописникот на МИА од Софија. Незадоволните граѓани во бугарската престолнина се собраа на плоштадот пред Народното собрание. Претходно денеска на иницијатива на организацијата „Правда за сите“ беше усвоена и граѓанска декларација против измените на Изборниот законик, усвоени на вчерашната […]

Австрија се противи на проширувањето на Шенген зоната со Хрватска, Бугарија и Романија


  Австриското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека земјата се противи на укинување на проверките на границите на Бугарија, Хрватска и Романија, кои се членки на ЕУ, јави ДПА, повикувајќи се на весникот Курир. Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, неделава и официјално предложи трите земји да се вклучат во безвизната европска Шенген зона, […]

Еуроњус: Кои сектори во Србија би имале предност од слободниот пазар на работа на Отворен Балкан


  Слободниот пазар на труд во рамки на Отворен Балкан меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија треба да стапи на сила оваа есен. Ова подразбира слободно движење на работниците и вработување без дозволи кои вообичаено им се потребни на странците, тоа е иницијатива која треба да им помогне на работодавачите во Србија на кои им […]