Затвор за негативен коментар за Вучиќ, бара политичарка од Ниш

Ана Гроздановиќ е членка на Социјалистичката партија на Србија, а не на партијата на Вучиќ, СНС


 

Нишката политичарка, членка на Социјалистичката партија на Србија, Ана Гроздановиќ, која се прослави со изјавите за „Православните катодни цевки“, на Инстаграм покрена иницијатива дека секој негативен коментар за ликот и работата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, треба да биде казнет со затвор, пренесува „Јужни вести“.

Досега прогресивците се издвојуваа во „одбраната на Вучиќ од злобното спротивставено мислење“, но сега член на привременото тело на СПС Ниш одлучи да даде свој „нескромно“ придонес, пишува „Јужне вести“.

„Би ги замолила моите политички колеги кои седат во собраниските клупи да го кренат гласот и да се изборат за закон со кој би се казнувал секој што ќе остави лош коментар кон претседателот на државата. А за други посериозни планови против претседателот, уште посериозни казни“, напиша Гроздановиќ на Инстаграм.

Таа тврди дека безделниците треба да се научат на мудрост, а негативните коментари се планирани за да се „исцеди енергијата на Вучиќ во време кога пред него се големи одлуки“. Таа додава дека казнувањето е составен дел од образованието во кое потфрлиле некои родители.

Според нишката социјалистка, тврдењето дека законот ќе наликува на политичкиот систем на Северна Кореја и лошо ќе влијае на имиџот на самиот претседател и Србија е лош спин.

„Можеби мојата емпатија е премногу силна за вашиот вкус. Споредбата со Северна Кореја е секако лош спин од ваша страна. За крај, дали мислите дека е во ред некој да напише дека сака синот на претседателот да заврши во шахта како Гадафи? Сите знаеме што се случи со Гадафи и не сакам да верувам дека според вас тоа е слобода на говор“, одговори Гроздановиќ за „Јужне вести“.