Осомничени за нападот во Истанбул уапсени во Бугарија


Стотици каранфили на местото на терористичкиот напад (Фото: АП)

 

Петмина од осомничените за смртоносниот напад во Истанбул се уапсени во Бугарија. Приведени се три лица со молдавско државјанство и еден маж со арапско потекло. Меѓу уапсените е и десната рака на човек кој Интерпол го бара за тероризам.

Акцијата се одвивала под целосна тајност, јавува бугарската телевизџија Нова.

Веста ја потврди портпаролката на јавниот обвинител Сијка Милева. Во Одделението за борба против тероризам е поведена предистражна постапка, а денеска се очекува градскиот суд да ги разгледа притворските мерки.

Пет лица се осомничени за помагање на можниот сторител на нападот во Истанбул. Помошта е логистичка и комуникациска по чинот. Милева одби да даде детали за случајот бидејќи може да ја загрози националната безбедност на Бугарија.

Во експлозијата на пешачкиот булевар Истиклал на 13 ноември загинаа шест лица, а 81 беа повредени.