Еден хеликоптер ќе биде испратен во Грција за помош со пожарите, 30 армиски припадници се подготвени ако има потреба


  Солидарни сме со нашиот сосед и сојузник, Грција во борбата со огнените стихии. Еден хеликоптер на Армијата на Република Севервна Македонија ќе биде испратен да помогне во борбата со пожарите, додека 30 армиски припадници се подготвени да помогнат доколку се јави потреба, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил. – Заедно …

Еден хеликоптер ќе биде испратен во Грција за помош со пожарите, 30 армиски припадници се подготвени ако има потреба Read More »

Пожар од Италија се прошири кон Словенија


  Словенија– Повеќе од 300 словенечки пожарникари се борат со новиот пожар кој денеска од Италија се прошири во областа Крас, а во тек е евакуација на населението од неколку села. Словенечкиот министер за одбрана Маран Шарец пристигнал на местото на настанот, како и шефот на цивилната заштита Сречко Шестан, јавуваат словенечките медиуми. Пожарот од италијанска страна се проширил кон Словенија и покрај …

Пожар од Италија се прошири кон Словенија Read More »

Во Хрватска починаа уште 12 пациенти со Ковид-19


Во Хрватска денеска забележани се 2.239 нови случаи на зараза со корона вирус, а починаа 12 пациенти. На болничко лекување се 560 лица, а од нив на респиратор се 16 пациени Бројот на активни случаи заразени со корона вирус во Хрватска денеска се вкупно 10.376.

Силен земјотрес го потресе Крит


Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит. Како што соопшти Атинскиот геодинамички институт, епицентарот на земјотресот бил седум километри северозападно од градот Аркалохори во регионот на Ираклион. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13,6 километри, пренесува „Екатимерини“. Во септември 2021 година, Аркалохори беше погоден од земјотрес со јачина од …

Силен земјотрес го потресе Крит Read More »

ПМФ во Загреб воведува рестрикции на електричната енергија


 Природно математичкиот факултет во Загреб најверојатно е првата институција во Хрватска што воведува рестрикции на електричната енергија со ограничена температура за ладење на простории на најмногу 25 степени, што ќе им заштеди 20 отсто струја, пишува денеска Јутарњи лист. Оттаму сметаат дека не треба да се чека ниту Европската комисија, ниту хрватската Влада, за рационално …

ПМФ во Загреб воведува рестрикции на електричната енергија Read More »

Вон контрола пожарот во близина на Атина, изгорени домови, евакуирани населби


Цела ноќ траеше битката на пожарникарите со пожарот што сè уште е вон контрола во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици предизвикаа материјална штета на куќи, изгореа домови и досега беа евакуирани жителите на најмалку десет населби, јави дописничката на МИА од Атина. Шумскиот пожар избувна вчера, кусо по …

Вон контрола пожарот во близина на Атина, изгорени домови, евакуирани населби Read More »

САД ја ставаат Бугарија под надзор, не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе


САД ја ставаат Бугарија под надзор затоа што не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе, се вели во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе, објавен   од таа институција. Владата на Бугарија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, иако прави значителни напори во оваа насока, се …

САД ја ставаат Бугарија под надзор, не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе Read More »

Голем пожар во близина на Атина, евакуирани четири населби и детска болница


Преку порака од бројот за итни случаи 112 од жителите на четири населби беше побарано да се евакуираат поради големиот шумски пожар што кусо по 17 часот избувна во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици веќе предизвикаа материјална штета на куќи, јави дописничката на МИА од Атина. Шумскиот пожар …

Голем пожар во близина на Атина, евакуирани четири населби и детска болница Read More »

Словенија им честиташе на Скопје и Тирана, но побара кандидатски статус за Босна и Херцеговина


  Во вторникот, највисоките словенечки претставници ја поздравија одлуката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, а премиерот Роберт Голоб, во писмо до европските претставници, повторно се заложи Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус. „Почетокот на пристапните преговори е испишување ново поглавје за жителите на …

Словенија им честиташе на Скопје и Тирана, но побара кандидатски статус за Босна и Херцеговина Read More »

Голем шумски пожар во североисточниот дел на областа Атика


Голем шумски пожар избувна попладнево на планината Пендели во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, огнените јазици се наоѓаат блиски до домови, а од жителите на една населба беше побарано да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина. За гаснење на пожарот од копно и воздух, интервенираат 78 пожарникари (28 се …

Голем шумски пожар во североисточниот дел на областа Атика Read More »

За една седмица над 140.000 заразени и 200 починати од Ковид-19 во Грција


Во периодот од 11 до 17 јули, во Грција се регистрирани 148.435 случаи на Ковид-19, од кои 18 отсто се реинфекции, починаа 200 лица, а 115 се приклучени на апарати, се наведува во седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Вкупниот број …

За една седмица над 140.000 заразени и 200 починати од Ковид-19 во Грција Read More »

Од 1 до 31 октомври Попис на населението на Србија со електронски прашалници


На пописот на населението што ќе се одржи во Србија од 1 до 31 октомври 2022 година за првпат ќе се користат електронските прашалници, а прелиминарните резултати ќе бидат познати до крајот на ноември, беше речено на прес-конференција во Републичкиот завод за статистика (РЗС), јави дописникот на МИА од Белград. Според Снежана Лакчевиќ, помошник директор на РЗС, на пописот на населението ќе бидат …

Од 1 до 31 октомври Попис на населението на Србија со електронски прашалници Read More »

Населението во Грција за десет години се намалило за 3,5 отсто


Вкупното постојано население на Грција изнесува 10.432.481 жители, за 383.805 помалку жители, односно 3,5 отсто во споредба со 2011 година, согласно привремените резултати од пописот во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на грчката служба за статистика Атанасиос Танопулос, денеска ги презентираше првичните резултати од пописот спроведен од октомври до декември 2021 година, …

Населението во Грција за десет години се намалило за 3,5 отсто Read More »

Ова лето на албанското крајбрежје се удавиле 11 лица, има недостиг на спасувачи


Единаесет лица се удавија оваа летна сезона на албанското крајбрежје, кое страда од недостиг на спасувачи, објави информативниот сајт „Егзит“. На повеќето плажи во Албанија нема спасувачи или има минимален број на луѓе кои ги набљудуваат туристите, посочува „Егзит“. Ова е проблем веќе неколку години. Во 2014 година, Националната крајбрежна агенција обучи 41 студент по …

Ова лето на албанското крајбрежје се удавиле 11 лица, има недостиг на спасувачи Read More »

Вучиќ: Не планираме да ги намалиме температурите во домовите


  Претседателот Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ги зголемила резервите на гас во складиштето Банатски двор на 234 милиони кубни метри. Доволно е, ако дневно се повлекуваат по пет милиони, за некои 46 или 47 дена“, рече Вучиќ. „Сè уште не сме размислувале за намалување на температурата во домовите, но доколку е потребно, знаете …

Вучиќ: Не планираме да ги намалиме температурите во домовите Read More »

Премиерот Рама ќе ја предводи 25-члената албанска делегација во Брисел


  Албанија – Албанската, 25-члена владина делегација, која ја предводи премиерот Еди Рама, ќе отпатува Брисел за да учествува на утрешната прва меѓувладина конференција Албанија-ЕУ. Покрај другите во делегацијата ќе бидат и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, главниот преговарач Зеф Мази, како и други претставници вклучени во овој процес. Средбата ќе трае 90 …

Премиерот Рама ќе ја предводи 25-члената албанска делегација во Брисел Read More »

Дачиќ: Конститутивна седница на Собранието следната недела, договор за соработка СНС-СПС


Претседателот на Собранието на Србија и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ изјави дека конститутивната седница на новото свикување на Парламентот ќе се одржи кон средината или на крајот на следната недела и потсети дека рокот за одржување на конститутивната седница истекува на 4 август, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ ова го …

Дачиќ: Конститутивна седница на Собранието следната недела, договор за соработка СНС-СПС Read More »

Редукција на вода во Истра, казните се ригорозни


  Во Истра, Хрватска, во петокот беше донесена одлука за редукција на питка вода, која со примена почна од ноќеска на полноќ. Граѓаните не смеат питката вода да ја користат за миење автомобили, улици, плоштади и јавни површини, не смее да се полева со неа, а нема ни туширање на плажите. Исклучок се продавниците и …

Редукција на вода во Истра, казните се ригорозни Read More »

Извлечени телата на сите членови на екипажот од украинскиот авион што се урна во Грција


Телата на сите осум членови на екипажот од украинскиот авион што синоќа се урна во близина на грчкиот град Кавала се извлечени во акцијата на спасувачките служби, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција вечерва соопштија дека заврши акцијата за извлекување на телата, а извлечените тела се пренесуваат во општата болница …

Извлечени телата на сите членови на екипажот од украинскиот авион што се урна во Грција Read More »

Украинскиот авион што падна во Грција се изгубил од радарот пет минути откако побарал помош


Пет минути откако ги информирал контролорите на летање дека има проблем со еден од четирите мотори и две минути по разговорот со контролната кула во Кавала и барањето за принудно слетување, украинскиот авион Антонов-12 се загубил од радарите, според податоците објавени од Службата за цивилно воздухопловство на Грција (ИПА), јави дописничката на МИА од Атина. …

Украинскиот авион што падна во Грција се изгубил од радарот пет минути откако побарал помош Read More »