(Фото) Студентите во Загреб распалија скари пред факултетот, откако им ја затворија мензата


Zagreb, 241122. Fakultet strojarstva i brodogradnje, Aleja Ivana Lucica. Prosvjedni rostilj zbog zatvaranja menze. Foto: Ranko Suvar / CROPIX

 

Вчера, ненадејно била затворена мензата на загребскиот Факултетот за машинство и бродоградба во Загреб, Хрватска, а веста ја потврдија од Студенсткиот совет на овој факултет.

Како што наведуваат, мензата е затворена поради технички проблеми, односно поради ниски тавани.

„Луѓе, со оглед на тоа дека денеска ненадејно ни ја затворија мензата и ги исфрлија студентите од нејзе во текот на ручекот од необјасниви причини (наводно поради недоволна височина на таваните, што со години досега не претставуваа проблем), одлучивме за акција „Скара“ пред факултетот за екипата и утре да не ни падне од глад“, објавено е на Фејсбук.

„Би било одлично да се собереме во што поголем број, да каснеме кебапче и да привлечеме внимание за проблемот што побрзо да се реши“, стои на нивната објава од синоќа.

Се огласија и од Студентсткиот ценат на Универзитетот во Загреб, од каде велат дека мензата ги задоволува минималните услови од 2005 година и од тогаш немало никакви промени, а ќе поднесат и жалба на усменото решение на Државниот инспекторат кој привремено го затвори ресторанот на Факултатот за машинство и бродоградба.