Вучиќ: Светот се приближува до голем конфликт невиден од Втората светска војна


  Претседателот на Србија Александар Вучиќ, зборувајќи за мрачните прогнози што ги изнесе генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Генералната дебата на светските лидери, рече дека стравува дека реалните прогнози се уште помрачни, јави дописникот на МИА од Белград. -Мислам дека реалните прогнози мора да бидат уште помрачни и тој зборуваше за неколку кризи […]

Не престануваат хакерските напади врз црногорските државни институции


Црна Гора– Хакерските напади врз државни институции не престануваат, некои сервиси се враќаат, соопшти Владата на Црна Гора, додавајќи оти сè уште не може да се зборува за финансиските загуби. – Ние не можеме да здивнеме. Оптимистично е тоа што успеавме да вратиме одредени сервиси, изјави Душан Половиќ од црногорското Министерство за јавна администрација. Како што […]

Србија во последните десет дена се задолжи за две милијарди евра


  За неколку дена јавноста во Србија дозна дека е договорен заем од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од една милијарда евра, дека тие се задолжиле на пазарот на обврзници за 690 милиони евра и дека се преговараше нов аранжман со ММФ. Вкупната вредност на тој заем нема да биде помала од две милијарди евра, а […]

Американска компанија заинтересирана да инвестира 800 милиони евра во Косово


  Претседателот на косовскиот Независен синдикат на приватниот сектор, Јусуф Аземи објави денеска дека американската компанија за копови и рудници „Американ експлорејшн енд мајнинг ЛЛЦ“ („American Exploration and Mining LLC“) има намера да инвестира 800 милиони евра во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната вонредна прес-конференција, Аземи изјави дека ова е најголемата инвестиција […]

Нов самит ЕУ-Западен Балкан во декември во Северна Македонија или Албанија


  На почетокот на декември ќе се одржи нов самит на лидерите на ЕУ и на Западен Балкан, по прв пат во една од земјите од регионот, во Северна Македонија или во Албанија, објави РТС повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој состанок треба да даде […]

Додик во Москва на средба со Путин


  Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, потврди неговата советничка Ана Тришиќ-Бабиќ.   Тришиќ-Бабиќ изјави дека на средбата меѓу Путин и Додик „се очекуваат разговори за сериозни економски прашања“.   „Очекуваме да се разговара за сериозни економски прашања за кои денес зборуваат […]

Рама: Имавме докази, моравме да ги прекинеме сите врски со Иран


Албанскиот премиер Еди Рама гостувајќи во емисијата „Разбуди се Америка“ (Wake Up America) се осврна и на кибернападите врз неговата земја извршени од Иран. – Имаме докази врз основа на доказите на тимот на Мајкрософт и специјализираните американски агенции дека зад нападот стои Иран, кој спонзорираше четири групи, од кои едната е на чело на […]

Бала: Бериша набрзо ќе биде прогласен за „персона нон грата“ во ЕУ


Генералниот секретар и координатор на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија, Таулант Бала изјави дека поранешниот претседател и премиер Сали Бериша набрзо ќе биде прогласен за непожелна личност во Европска Унија. Бала рече дека е поднесена иницијатива во Европскиот парламент со која се бара „лицата кои САД ги прогласија за ’персона нон грата‘ да ја имаат […]

Хакерите почнаа да објавуваат тајни документи на албанската полиција


Хакерите од иранската група „Татковинска правда“ денеска објавија тајни податоци од системот на албанската полиција. „По објавените досиеа од ТИМС системот и денешните од електронската пошта на доскорешниот генерален директор на полицијата, Гледис Нано веќе нема никаков сомнеж дека по кибернападите хакерите дошле до најголемите тајни податоци на полицијата“, констатира Топ чанел. Телевизијата додава дека […]

Грција ќе воведе плафон на профитната маржа за огревното дрво и пелетите


  За да се запре драстичното зголемување на цените на огревното дрво и пелетите, Грција планира да воведе плафон на профитната маржа, како што е веќе пракса и за други производи, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека  постои зголемување […]

Руската инвазија на Украина е оправдана, изјави Милорад Додик


  Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, ја оправда руската инвазија на Украина во интервју за руската државна агенција Тасс. Во пресрет на неговите разговори со Владимир Путин утре во Москва, Додик коментираше дека долги години Западот не реагирал на, како што рече, истребувањето на руското население во Украина, и тврди дека во Донбас […]

Во повеќе хрватски училишта синоќа стигнале дојави за бомби


  Ноќеска по полноќ во полицијата во Хрватска примени се дојави за можно загрозување на безбедноста на граѓаните во однос на образовни институции на подрачјето на Бјеловар, јавија од таму. Полицијата ги презела сите мерки и ги проверила објектите и утврдила дека се работи за лажна дојава. Се утврдува кој стои зад повикот. Имнео, неофицијално […]

Абазовиќ: Бајден може да го спаси Западен Балкан од руско и кинеско влијание


Црногорскиот премиер во технички мандат, Дритан Абазовиќ изјави дека САД се најважниот надворешнополитички партнер на Подгорица и оти американскиот претседател Џо Бајден може да го спаси Западен Балкан од потпаѓање под руско и кинеско влијание. Тој во интервју за Д Павловиќ Тудеј (The Pavlovic Today) оцени дека корупцијата е генератор на национализам, пренесоа денеска црногорските […]

Брутално поскапеа новите станови во Загреб


  Покрај кризата и големата инфлација, пазарот на недвижности во Хрватска цвета. Побарувачката за квалитетни станови и деловни простории и понатаму е поголема од понудата. Во првите седум месеци издадени се 7 отсто повеќе градежни дозволи отколку лани. Градежниците имаат работа преку глава, иако цените на новоградбите достигнуваат рекордни нивоа и се 20 отсто повисоки […]

Турција го плаќа рускиот гас во рубли – Путин ќе ја зголеми испораката


Четвртина од рускиот гас што пристигнува во Турција ќе се плаќа во рубли, најави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на маргините на ШОС. Москва вети дека ќе ја зголеми испораката на гас за Турција во сите правци. Рускиот претседател истакна дека Анкара сигурно ги исполнува своите обврски во […]

Хоти: Нема да има нова војна, Курти го плаши народот зашто е неспособен да ја води државата


 Поранешниот косовски премиер, пратеникот на опозицискиот Деморкатски сојуз на Косово, Авдулах Хоти го обвини неговиот наследник на чело на Владата, премиерот Албин Курти деке е неспособен да ги реши реалните егзистенцијални проблеми на граѓаните на Косово и поради тоа измислува непостоечки закани по државата. Во реакција на денешното интервју на Курти за хрватскиот весник „Вечерњи […]

Брнабиќ: Во инцидентите во Белград повредени 10 полицајци


 Српската премиерката Ана Брнабиќ по одржувањето на прошетката на „Еуропрајд“ во Белград, на вонредна прес-конференција изрази благодарност до мнозинството граѓани на Србија за покажаната „толеранција, разбирање и на прво место грижата за државата“. – Имавме ден кој помина без поголеми инциденти и во мир и горда сум на тоа. Посебна благодарност им должиме на припадниците […]

Во Белград повторно судири помеѓу противниците на „Европрајд“ и полицијата


Српскиот портал „Нова.рс“ објави дека нивна новинарка е повредена од противниците на одржување на „Европрајд 2022“. Инцидентот се случил откако противниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на Уставниот суд, од каде треба да тргне поворката на „Европрајд 2022“ и да стигне до Собранието. Додека на Булеварот Ослободување противниците против одржувањето на […]

Курти не ја исклучува можноста од нова војна во Косово


Косовскиот премиер Албин Курти вели дека постои можност од избувнување нова војна во Косово, имајќи предвид дека Србија продолжува да ја снабдува својата војска со оружје од Русија и Кина, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист‘, што го пренесуваат косовските медиуми, Курти рече дека „би било неодговорно […]

И во Хрватска падна снег


Во Хрватска, на планината Велебит, поточно на врвот Завижан, денеска падна првиот снег, јави Државниот хидрометеоролошки завод. Според снимките од нивната камера поставени на ѕидот на планинарскиот дом Завижан, на тлото се задржала мала количина снег. Според податоците на ДХМР во 13 часот, на Завижан паѓа умерен снег, а има и силен ветар, додека температурата […]