Падна наркомафија од Балканот: Повеќе уапсени во Холандија, Белгија и Луксембург


Во голема полициска акција уапсени се српски државјани за кои се претпоставува дека се дел од добро организирана криминална група која шверцувала 100 килограми кокаин. Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на повеќе од 10 милиони евра.

Видеото од акцијата го објави Министерството за внатрешни работи на Србија, а акцијата се одвива во исто време во Холандија, Белгија, Луксембург и Србија, пренесе Индекс.хр.

Во Холандија се уапсени членови на организирана криминална група, српските државјани Д.Р. (28) и Д.П. (48), кај кои било пронајдено оружје и одредена сума пари за кои постои сомнение дека е резултат на кривично дело, додека во Белгија и Луксембург српските државјани С.К. (36), Ѓ.Д. (32), Ј.В. (33), едно непознато лице, како и државјанин на БиХ С.Ѓ. (42).
Се сомнева дека се членови на група која соработува со кавачкиот клан.

Во реонот на Белград е уапсен српскиот државјанин В.В. (29), кому му е одредена мерка притвор од 48 часа, кој со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство. Дрогата е запленета во Арлон, на југоистокот на Белгија, при претрес на магацин.

Осомничените се обиделе да го сокријат кокаинот во бетонски плочи за полесен извоз.