Заглавени 120 рудари во Трепча поради прекин на електричната енергија


 Во косовскиоот рудник за јаглен Трепча попладнево останале заглавени 120 рудари од првата смена, поради прекин на снабдувањето со електрична енергија, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за порталот „Газета експрес“ ја потврди директорот на рудникот, Енис Абдурахмани, кој изјави дека дефектот настанал поради удар на гром, кој уништил неколку изолатори во електричната мрежа […]

Кристофер Хил го видел Планот за консултации меѓу Србија и Русија


  Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, изјави за агенцијата ФоНет изјави дека го видел Планот за консултации потпишан од министрите за надворешни работи на Србија и Русија и дека во него нема ништо посебно, туку дека Русија сака да ја оправда војната во Украина. Хил рече дека не знаеле што пишува во Планот за […]

Џорџа Мелони бара Хрватите да ги вратат Истра и Далмација


  Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони победи на изборите во Италија и е на пат да стане првата жена премиер во земјата. Десничарскиот блок на чело со нејзината партија Браќата на Италија има убедливо мнозинство во двата дома на италијанскиот парламент. Станува збор за жена која смета дека Далмација и Истра треба да се […]

Предупредување до жителите на западна Грција поради невремето „Богдан“


Невремето „Богдан“ од Италија, денеска се очекува да го зафати западниот дел на Грција, а до жителите на три области беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи, да избегнуваат непотребни движења, јави дописничката на МИА од Атина. Доцна синоќа, порака добија сите оние кои се на островите во Јонско Море, со исклучок на […]

Голем пожар во Крањ, евакуирани 67 лица


Пожар синоќа избувна во стара напуштена зграда во словенечкиот град Крањ, при што од околните објекти се евекуирани 67 лица. Во пламенот што избувнал околу 23:30 часот целосно е уништена зградата, додека од интензивната топлина е оштетен објект во непосредна близина, неколку возила и стакла на соседните згради. Околу 1 часот по полноќ пожарот е […]

Државната обвинителка на Босна и Херцеговина санкционирана од САД 


  Шефицата на Обвинителството во Босна и Хергцеговина, Дијана Кајмаковиќ, е санкционирана од САД поради континуирани обиди за поткопување на демократијата и владеењето на правото во земјата, но и поради корупциски скандали, потврдија синоќа од Стејт департментот. Лицата ставени на „црната листа“ на Вашингтон не смеат да патуваат во САД и им се замрзнува имотот […]

Анадолија: Грција префрла оклопни возила на демилитаризираните острови во Егејското Море


Грција го крши меѓународното право и испраќа оклопни возила на егејските острови кои имаат статус на демилитаризирани зони, јави агенцијата Анадолија. На фотографиите што ги објавило турското Министерство за одбрана се забележува како десантни бродови на островите Лезбос и Самос доставуваат воени возила донирани од САД. Според информациите кои Анадолија ги добила од безбедносни извори, […]

Ни Србија не ги прифаќа резултатите од референдумите во украинските региони


Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека Србија не може да ги прифати резултатите од референдумите во украинските региони поддржани од Русија бидејќи, како што истакна, тоа би било целосно спротивно на српските државни и национални интереси, јави дописникот на МИА од Белград. – Од една страна, нашата принципиелна посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, […]

Вучиќ – Лавров: Србија нема да гласа за исклучување на Русија од Советот за безбедност на ОН


  Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на 77. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Вучиќ пред средбата со шефот на руската дипломатија на новинарско прашање го коментираше ставот на Белград во однос на антируските санкции. -До сега немаше никакви санкции и се […]

Жена исчезнала во Загреб во 2011 година: Телото и го нашле вчера во бунар


  Полицијата во Загреб реши случај на исчезната жена уште во 2011 година. Откриено е дека постарата жена била убиена, а телото замотано во тепих било фрлено во бунар. Зад убиството стои користољубие, односно осмничениот 63-годишен маж, најверојатно ја убил за да ѝ го земе станот. Според истрагата, меѓу 12 октомври и 5 ноември во […]

Црна Гора: Старото парламентарно мнозинство потпиша иницијатива за разрешување на Ѓукановиќ


Мнозинството пратеници во црногорскиот парламент – 41, потпишаа предлог за поведување постапка за утврдување дали претседателот на Црна Гора го прекршил Уставот и го доставија до Собранието. Предлогот го потпишаа пратениците на Демократскиот фронт, Демократска Црна Гора, Обединета и Вистинска Црна Гора, Граѓанското движење УРА, Социјалистичката народна партија (СНП), Движењето за промени (ПзП) и ЦИВИС. […]

Ер Србија: Ова е вистината за билетите на релација Белград-Москва


  Ер Србија соопшти дека во текот на вчерашниот ден и денеска во некои српски медиуми, но и на социјалните мрежи се објавени шпекулации и невистинити тврдења за цените на билетите на Ер Србија меѓу Белград и дестинации во Руската Федерација. Без да навлегуваме во причините зошто одредени медиуми и лица би сакале да шират […]

Во Грција потврдени вкупно 72 случаи на мајмунски сипаници


Во Грција се потврдени вкупно 72 случаи на мајмунски сипаници, три повеќе од минатата седмица, а сите се мажи на просечна возраст од 36 години, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Потврдените случаи се на возраст од 19 до 61 година, а 20 од заразените […]

Рекордни депозити од речиси пет милијарди евра во косовските банки


  Министерот за финансии на Косово, Хекуран Мурати објави дека нивото на влогови во банкарскиот систем на Косово, на крајот од јули годинава, достигна до рекордни 4,88 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Приштина. На неговата страница на Фејсбук, Мурати напиша дека високиот пораст на депозитите на граѓаните во банките се должи првенствено на […]

За 64 отсто зголемени бегалските бранови во Грција


 Во првите осум месеци од годинава, бегалските и мигрантските бранови во Грција се зголемиле за 64 отсто, споредено со истиот период лани, додека пак бројот на бегалци и мигранти кои престојуваат во земјата се намалил за 56 проценти, согласно податоците за август од Министерството за миграција и азил. Во Грција престојуваат вкупно 18.587 баратели на […]

Во Словенија почнува кампањата за претседателските избори


Еден месец пред претседателските избори во Словенија, закажани за 23 октомври, денеска официјално почнува изборната кампања. Претседателските кандидати ќе можат да им се обратат на гласачите до 21 октомври на полноќ, кога ќе настапи предизборен молк, а денеска истекува и рокот за поднесување пријави за гласање во странство. Се очекува претседателските кандидати во својата кампања најмногу да се потпираат на […]

Ѓукановиќ: На Црна Гора и треба одговорна влада, а не ринге, ринге раја политика


Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека не сака да прејудицира што ќе прави доколку Собранието на Црна Гора не го скрати својот мандат на 30 септември, но изјави дека неговиот потег ќе биде во согласност со Уставот. – На Црна Гора и треба одговорна влада, а не ринге, ринге раја политика, изјави Ѓукановиќ […]

Вучиќ во ОН: Која е разликата меѓу територијалниот интегритет на Украина и Србија


Србија го поддржува територијалниот интегритет на сите земји-членки на Обединетите нации, вклучително и Украина, и ќе продолжи да се залага за доследно почитување на принципот на неповредливост на границите, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор на 77. седница на Генералното собрание на Обединетите нации, јави дописникот на МИА од Белград. -Од многу говорници […]

Загрозена птица мршојадец со ГПС најдена застрелана во Бугарија


Женскиот египетски мршојадец Бојана, чија приказна воодушеви илјадници луѓе ширум светот, е пронајдена мртва со траги од прострелна рана во реонот на градот Джебел, соопшти Бугарското здружение за заштита на птиците (БСЗП). Бојана беше првиот египетски мршојадец, изведен во европска зоолошка градина, ослободен и формираше пар во дивата природа на Бугарија. Пред неколку дена БДЗП […]

Грција зела две милијарди евра од вишокот приходи на енергетските компании


  Создадовме постојан механизам за враќање на вишокот приходи на компаниите за производство на електрична енергија и за само два и пол месеци тоа донесе над две милијарди евра, рече министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас, кој соопшти нови мерки во висина од 1,1 милијарда евра за поддршка на сметките за […]