Поскапуваат патарините во Србија – од 1 јануари сметките повисоки за девет отсто


Патарините во Србија од 1 јануари ќе се зголеми за девет отсто, објавија „Путеви Србије“.
– Девет отсто поскапување на патарините ќе има од 1 јануари, тоа беше одлучено, а Владата на Србија ја одобри таа одлука минатата недела. Ако сега патарината од Белград до Ниш беше 1.000 динари, по поскапувањето ќе биде 1.090 динари, пишува Курир.

Сега патарината за возилата од прва категорија на делницата Белград-Прешево е 1.490 динари, додека по поскапувањето ќе биде 1.624 динари. Цената на делницата од патот Белград-Димитровград сега е 1.310 динари, а доколку се зголеми цената ќе биде 1.427 динари.

Возачите за делницата од патот Прешево-Димитровград плаќаат 1.040 динари, а од јануари ќе плаќаат 1.133 динари. За делот Белград-Шид патарината е 420 динари, а ќе биде 457 динари.

Кога станува збор за делницата од патот Белград – Суботица, патарината сега е 640 динари, а по поскапувањето ќе биде 697 динари. Патарината за делницата Белград-Ниш е 890 динари, а од 1 јануари возачите ќе ги чини 970 динари.