Во Тирана заедничка седница на Парламентите на Албанија и на Косово


Фото: Б. Грданоски
По повод 110-годишнината од независноста на Албанија, денеска во Собранието на Албанија во Тирана ќе се одржи заедничка свечена седница на албанскиот и на косовскиот Парламент.
 
На почетокот на седницата пред пратениците ќе се обратат претседателката на Собранието на Албанија, Линдита Никола и претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца.
 
По нив ќе зборуваат премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти, како и шефовите на пратеничките групи.
 
Одбележувањето на 110-годишнината од независноста на Албанија ќе биде придружено со културни и други активности.