Дојави за бомби и во училиштата во Хрватска


Три основни училишта во Загреб добија пријави за бомби, јавија хрватските медиуми.

Сите три училишта се евакуирани. Како што пренесуваат медиумите децата од едно од училиштата биле однесени на училишното игралиште. Како што изјавија за Индекс од загрепската полиција, ја проверуваат веродостојноста на пријавите.

„Можеме да потврдиме дека добивме пријави и во тек се проверки“, ни рекоа од полицијата.

Од направените увиди во две од училиштата  било утврдено дека дојавата за бомба е лажна. Се прави увид и во третот училиште.