Обвинителот за злосторствата на ОВК сега ќе го истражува Трамп


 

Американскиот адвокат Алекс Вајтинг е назначен за вршител на должноста главен обвинител на судот за злосторства извршени од борците на ОВК во Хаг, соопшти обвинителството на тој суд. Вајтинг ќе ја извршува таа должност додека не биде назначен нов главен обвинител, се вели во изјавата што во саботата половина час по полноќ ѝ ја достави на Бета портпаролот на обвинителот, Кристофер Бенет.

Актуелниот главен обвинител Џек Смит претходно поднесе оставка и се враќа во САД, каде по наредба на државниот обвинител Мерик Гарланд како специјален советник ќе спроведе истрага за документите пронајдени во резиденцијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Досега Вајтинг беше заменик јавен обвинител. Со преземањето на функцијата Вајтинг, „нема да има прекин во работата на обвинителството во ниту еден поглед“, нагласи Бенет во изјавата.

Во текот на својата кариера, Вајтинг (58) шест години беше обвинител во Хашкиот трибунал.

Од 2018 година, Џек Смит е главен обвинител на Судот за злосторства на борците на ОВК, чие официјално име е Специјализирани комори на Косово. Во Хаг одамна се во притвор Хашим Тачи, Кадри весели и други косовски политичари.