Нова експлозија во Истанбул, овојпат автомобил бомба


Турција – Во Истанбул вечерва одекна нова  експлозија, на само два дена по терористичкиот напад во кој загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа ранети, јавија локалните медиуми. Овој пат станувало збор за експлозија на втомобил-бомба, додаваат медиумите. Нападот се случил во областа Фатих.

Во притвор 50 лица во врска со нападот во Истанбул


Турција – Турската полиција уапси неколку осомничени во врска со бомбашкиот напад во Истанбул во кој загинаа шест лица, а неколку десетици беа ранети, со што бројот на приведени се искачи на 50, соопшти денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг, без да даде други детали. Државната агенција Анадолија објави дека полицијата привела двајца браќа идентификувани […]

Табаковиќ: Инфлација од 15 отсто во Србија е над очекувањата и сѐ уште не е достигнат пикот


  Инфлацијата во Србија во октомври годинава изнесува 15 отсто на годишно ниво и е повисока од очекуваното, што е последица на поскапувањето на енергентите и храната на светскиот пазар, изјави гувернерката на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Таа на презентација на ноемврискиот извештај за инфлацијата посочи […]

Годишната инфлација во Црна Гора во октомври се искачи на 16,8 отсто


  Потрошувачките цени во октомври 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, се во просек повисоки за 16,8 отсто, покажуваат новите податоци на Заводот за статистика – Монстат. Тоа значи дека растот на цените, кој од април е во зоната на хиперинфлација, го продолжи својот вртоглав пат. „Цените на производите и услугите […]

Србија објави оглас за доброволно служење воен рок


Министерството за одбрана ги повикува сите граѓани на Република Србија на возраст од 19 до 30 години кои сакаат да ја облечат униформата на Војската на Србија да се пријават за доброволно отслужување на шестмесечен воен рок со оружје. Повикот за аплицирање е отворен во текот на целата година, а пријавувањето за декемврискиот воен рок […]

Бериша: Битката не запира додека не се урне монистичкиот систем


Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија, ПД,  Сали Бериша, изјави дека масовниот антивладин протест ги „разнишал темелите на монизмот заснован на кражба на гласови“. Тој на прес-конференција им се заблагодари на учесниците на протестот, кои, според него, го потпишале чинот на големата пресвртница, го инаугурирале почетокот на битката, која нема да запре […]

Главните преговарачи на Косово и Србија утре во Брисел ќе бараат решение за најновата криза


Главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими отпатувал попладнево за Брисел на нова рунда преговори со српскиот главен преговарач, Петар Петковиќ, во обид да се најде решение за кризата предизвикана од напуштањето на косовските институции од страна на припадниците на српската етничка заедница во северно Косово. Косовските медиуми ја објавија информацијата повикувајќи […]

Албанија старее, наталитетот за периодот јули- септември од лани намален за околу 20 отсто 


Наталитетот во Албанија и понатаму опаѓа, што доведува до брзо стареење на населението.   Според податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, во третиот квартал годинава се регистрирани 6.172 раѓања, што бележи намалување од 19,6 отсто. Во споредба со истиот период минатата година во земјата имало 1.508 новородени помалку.   Во извештајниот период во шест окрузи […]

Од болница пуштени 57 повредени во терористичкиот напад во Истанбул


Турција– Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, потврди дека 57 лица, кои беа повредени во вчерашниот терористички напад на ПКК во Истанбул, се пуштени од болница и дека лекувањето на 24 лица продолжува, јавува агенцијата „Анадолија“ . Јерликаја на социјалните мрежи ја сподели најновата информација во врска со повредените во терористичкиот напад на улицата Истиклал, во […]

Курдската партија негира вмешаност во бомбашкиот напад во Истанбул


Курдската милитантна група ПКК негираше вмешаност во вчерашниот бомбашки напад во Истанбул, велејќи дека не врши напади врз цивили, се вели во соопштението објавено на нејзината веб-страница денеска. „Не доаѓа предвид ние да насочиме напад врз цивили на кој било начин“, соопшти Курдската работничка партија (ПКК), отфрлајќи ги тврдењата на Турција дека таа и сириската […]

Турција најавува одмазда по терористичкиот напад во Истанбул


  ИСТАНБУЛ – Турската полиција во понеделникот соопшти дека привела една Сиријка за која се сомнева дека е поврзана со курдски милитанти и дека таа признала дека поставила бомба што експлодирала на раздвижената пешачка авенија во Истанбул, при што загинаа шест лица, а неколку десетици други се ранети. Експлозијата во неделата се случи на авенијата […]

Жената осомничена за нападот во Истанбул ја признала својата поврзаност со терористичка група


Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанка на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и приведена. – Лицето кое го изврши нападот, сириската државјанка Ахлам Албашир, беше фатена жива. При сослушувањето, таа призна дека била обучена како специјален разузнавач од терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ и дека […]

Објавени видеа од апсењето на жената бомбаш во Истанбул


Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанка на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и е одведена во притвор. „Лицето кое го изврши нападот, сириската државјанка Ахлам Албашир, беше фатена жива. При сослушувањето, таа призна дека била обучена како специјален разузнавач од терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ […]

Борел: Белград и Приштина на работ на нова криза, да се бараат решенија


Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел утрово изјави дека Белград и Приштина се „на работ на нова криза“ и порача дека е неопходно да се излезе од кризната логика и да се сврти кон барање решенија. Пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Борел потсети дека на 11 ноември се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ […]

Уапсен атентатор од Истанбул – Турција ја обвинува ПКК


Турција–Наредбата за бомбашкиот напад во Истанбул стигнала од градот Кобани во северниот дел од Сирија, изјави утрово турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу. Таму  турските воени единици  во изминатите години повеќепати преземаа воени акции против сириско-курдската милиција, која владата во Анкара ја смета за терористичка организација и оружено крило на  забранетата курдска Работничка партија, ПКК. Лицето, […]

Уапсен еден осомничен за нападот во Истанбул


Турција – Турската полиција уапси маж осомничен дека ја поставил бомбата што експлодира на прометната пешачка улица во Истанбул, изјави утринава турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Тој рече дека првите наоди од истрагата укажуваат дека за смртоносниот напад се одговорни курдските екстремисти. Во вчерашната експлозија на авенијата Истиклал, популарна туристичка дестинација со продавници и ресторани во […]

Словенија доби претседателка – Наташа Пирц Мусар


  Словенија ја доби првата претседателка на државата во историјата. Независната кандидатка поддржана од левичарските партии, Наташа Пирц Мусар, победи во вториот круг на претседателските избори. По пребројаните 95,5 отсто од гласачките ливчиња Пирц Мусар освои 54 проценти, а нејзиниот противкандидат Анже Логар од партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша, 46 проценти. Анже Логар веднаш […]

Исповед на соработник: Како Вучиќ ја крева тензијата и ги подбуцнува медиумите кога има кризни ситуации


  Независниот српски медиум „Нова.рс“ изнесува интригантно сведоштво на блиските соработници на Александар Вучиќ за тоа како изгледаат средбите со него и како се формира „медиумската и јавната сцена“ околу претседателот. Соговорниците на медиумот зборуваат за тоа како шефот на СНС манипулира со јавноста и подигнува тензија кај граѓаните со помош на медиумите и послушните […]

Дијаспората испратила во Косово над 900 милиони евра


Косово– Централната банка на Косово (ЦБК) објави денеска дека во првите девет месеци од годинава во земјата од дијаспората се стасани парични пратки во висина од 916,2 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Најголемиот износ што го добиле ремитентите во Косово од нивните блиски кои се иселени главно во Западна Европа и САД […]

Хакерски напад на веб-страницата на бугарската влада


Бугарија– Официјалната веб-страница на бугарската влада била подложена на кибер напад,соопшти информативната служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, засега не е познат сторителот на нападот. Страницата на Советот на министри на Република Бугарија на интернет „www.government.bg“ е привремено недостапна како резултат на кибер напад, се наведува во соопштението. Властите во Софија соопштија […]