Брнабиќ: Ги спасивме животите на Вучиќ и неговото семејство


Србија – Српската премиерка Ана Брнабиќ оцени дека по апсењето на криминална група од Врачарци од Белград, опасноста по животот на српскиот претседател Александар Вучиќ не поминала бидејќи, како што рече, „мозоците се уште се на слобода“, јави дописникот на МИА од Белград. – Ја исполнивме нашата главна цел затоа што го одбранивме животот на претседателот […]

Логар или Мусар – Словенците избираат претседател во вториот круг од изборите


Словенија– Словенците денеска, во вториот круг од претседателските избори, ќе избираат меѓу конзервативецот Анже Логар, поранешен шеф на дипломатијата, и независната центристичка адвокатка и бранителка на човековите права Наташа Пирц Мусар. Повеќе од 3.000 избирачки места ќе бидат отворени до 19 часот. Право на глас имаат околу 1,7 милиони гласачи. По затворањето на гласачките места, […]

Рамиз Нукиќ – живот против негирањето на геноцидот


Рамиз Нукиќ го преживеа геноцидот во Сребреница и неуморно ги собираше коските на убиените во шумите во источна Босна. Тој почина и никогаш не доби официјално признание за неговата работа Линк до целиот текст на Дојче вече тука  

Децата невакцинирани во Црна Гора: Пропишани казни до 2.000 евра, досега казнети 94 родители


Прекршочните судови во изминатите три години казниле 94 родители затоа што не ги вакцинирале децата, а најголемата казна изнесувала 800 евра. Според податоците на судовите, од 2020 година до сега биле поднесени 547 предлози за поведување прекршочна постапка против родители кои не ги вакцинирале своите деца според задолжителниот распоред за имунизација, од кои решени се […]

Во Србија повторно виден црн пантер – предупредување за жителите


  Црн пантер неодамна беше виден крај Апатин во Србија, на границата со Хрватска, а денеска повторно е воочен, во близина на бањата „Јунаковиќ“, 12 километри од каде што бил забележан првиот пат. „Се работи за многу опасно и непредвидливо диво животно“ Од Општината Апатин ги предупредија граѓаните да не одат во тој правец, затоа […]

Во обука на украинските вооружени сили ќе учествува и Бугарија


Покрај Полска и Германија, во обуката на украинските вооружени сили како дел од мисијата на Европската унија планира да учествува и Бугарија. Во оваа земја, како што изјави за медиумите рускиот воен експерт Алексеј Леонков, ќе има неколку полигони каде војниците ќе ги обучуваат американски, британски и бугарски инструктори. Прес-службата на бугарското Министерство за одбрана […]

Албанската полиција кај Берат откри „фабрика” за марихуана и заплени 870 килограми


Албанската полиција ја финализираше полициската мега-операција со шифра „Бурa”, при што се запленети 870 килограми марихуана и уапсени 11 лица. Во акцијата се запленети и два пиштола, една автоматска пушка, четири автомобили, повеќе мобилни телефони, како и предмети што се користат за преработка и пакување на наркотици. Директорот на Одделот за криминалистичка полиција во Генералната […]

Словенците утре избираат претседател во вториот круг од изборите


Словенците утре, во вториот круг од претседателските избори, ќе избираат меѓу конзервативецот Анже Логар, поранешен шеф на дипломатијата, и независната центристичка адвокатка и бранителка на човековите права Наташа Пирц Мусар.   Логар, член на десничарската Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, доби најмногу гласови во првиот круг од изборите, 33,96 отсто, но анкетите покажуваат […]

Во Србија падна првиот снег


Во Србија денеска падна првиот снег. Како што соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод, на планините паднал снег, додека во останатиот дел од земјата денеска ќе биде сончево. Во Србија доаѓа студено време благодарение на зајакнувањето на полето со висок воздушен притисок над централна Европа, поради што кон Балканскиот Полуостров има постојан проток на студена воздушна маса. […]

Дојави за бомби и во Србија – улиците ќе бидат полни крв, органи ќе летаат насекаде


На мејлот на редакцијата на Блиц.рс е испратен уште еден заканувачки мејл со извештај за наводно поставени бомби низ градовите низ Србија. Како што е наведено во мејлот кој пристигна од адресата потпишана „Учк Учк“, „улиците ќе бидат полни со крв, органи ќе летаат на сите страни… „Гледам дека сè уште се к*****е, гнасни националистички […]

Вучиќ: Германија и Велика Британија ги поддржуваат противправните акти на Косово


 Германија и Британија ги поддржуваат сите „противправни акти“ на Косово, изјави денеска во Париз српскиот претседател Александар Вучиќ. „Приштина има поддршка од Германците и за секој потег што го прават, тие секогаш можат да ја условат Приштина со визи и поддршка за енергија, пари и поддршка за членство во Советот на Европа, но јасно е […]

Српска пратеничка предложи Вучиќ да добие доживотен мандат


Српското Собрание расправаше за ребалансот на буџетот, а пратеничката на Српската напредна странка (СНС), Драгиња Вик предложи Александар Вучиќ да добие доживотен мандат. – Мои пријатели и роднини ми кажаа дека се задоволни од претседателот по неговото обраќање. Ме прашаа дали може да му дадеме доживотен мандат, вели Вик. Nije smešno, nego žalosno! pic.twitter.com/XGmvu7b6Eo — […]

Во Белград уапсени 17 лица, планиран напад на највисоките државни функционери во Србија


Во утринската полициска акција во Белград, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и во соработка со Европол, уапсени се 17 лица, членови на организираната криминална група т.н. Врачарци, осомничени за повеќе кривични дела тешко убиство, соопшти Обвинителството. Како што јави допсиникот на МИА од Белград, оваа група била финансирана од организираната криминална група „Кавачки […]

Ципрас: Мицотакис е виновен за прислушувањата и се крие, а мора да даде одговори


Грција– Господинот Мицотакис, наместо да се преправа дека е огорчен, треба да дојде во Парламентот и да даде одговори, а господинот Мицотакис се крие, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката телевизија „Стар“, говорејќи за случајот со прислушувањата и додаде дека „виновните се кријат, не невините“, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Голема акција на српските МВР и БИА, уапсени 17 соработници на кавачкиот клан за најтешки кривични дела


 Во координирана акција на српското Министерство за внатрешни работи и на Безбедоносно информативната агенцција (БИА) во Белград утрово е уапсена група од 17 лица, јави дописникот на МИА од Белград. Извршен е претрес на 50 локации и уапсени се 17 членови на криминалната група „Врачарци“ кои соработувале со кавачкиот клан, соопштија белградските медиуми. Според информациите […]

Со нож повреден градоначалникот на албанскиот град Дивјак и неговиот возач


Со убоди од нож претпладнево е повреден Фреди Коконеши, градоначалник на албанскиот град Дивјак, како и неговиот возач Газменд Булари, кој се обидел да го заштити.   -Инцидентот се случил околу 9:30 часот, пред општинската зграда, кога по куса распарава на Коконеши со лицето Оргес Џелили, тој извадил нож и го нападнал. Во обид да му […]

Тања Фајон го „преживеа“ гласањето за смена во словенечкиот Парламент


  Пратениците во словенечкото Собрание ноќеска со мнозинство гласови го одбија барањето на опозициските партии за разрешување на министерката за надворешни работи Тања Фајон. По целодневна дискусија, 22 пратеници гласаа за смена на Фајон, а 52 беа против, а за опозициската интерпелацијата да успее мораше да добие поддршка од 46 пратеници. Опозициските партии ја обвинија […]

Во Србија усвоен ребалан на буџетот, опозицијата тврди дека е последица на инфлацијата


  Собранието на Србија денеска го усвои ребалансот на државниот буџет според кој вкупните приходи се зголемени за 1,6 милијарди евра, а расходите уште повеќе – за околу 2,3 милијарди евра. Опозицијата тврди дека е инфлаторен, а експерти сметаат дека е последица на трошоците јавните претпријатија. Српската Влада одлучи да предложи ребаланс затоа што „приходите […]

Грчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија


  Одделот за борба со електронски криминал на грчката полиција, открила четири нови случаи на детска порнографија со материјал од над 1.800 фајлови и веќе се уапсени две лица, а против други две лица е поднесена кривична пријава, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на активностите за спречување […]