Без мерки Грците ја намалија потрошувачката на струја за 27 отсто


Податоците од грчкиот електроенергетски оператор АДМИЕ покажаа пад на потрошувачката на електрична енергија во јули, при што домаќинствата и деловните субјекти од среден и низок напон ја намалија потрошувачката за 27,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Грција не наметна задолжителни мерки за заштеда на енергија како другите европски земји во обид да […]

Брнабиќ: Приоритет на новата српска Влада ќе бидат Косово и енергетиката


Мандатарката на идната српска Влада, Ана Брнабиќ, изјави дека очекува новата извршна власт да биде избрана до крајот на септември, дека светот е на работ на трета светска војна и дека нејзин приоритет ќе и бидат Косово и енергетиката, јави допсиникот на МИА од Белград. -Зачувувањето на мирот и стабилноста е најважната задача. Најмногу ме […]

Курти ги повика опозициските лидери на средба во вторник


Косовскиот премиер, Албин Курти ги повика лидерите на трите најголеми опозициски партии, Мемли Красниќи (Демократска партија на Косово), Љумир Абдиџику (Демократски сојуз на Косово) и Рамуш Харадинај (Алијанса за иднината на Косово), да се сретнат утре, со цел да ги информира за последната средба во Брисел со претсдателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на […]

Радев сака повеќе гас од терминалот во Александрополис


 Бугарскиот претседател Румен Радев, на денешната средба со претставници на менаџментот на грчките компании „Гастраде“ и „Копелузос Груп“, разговарал за можностите за зголемување на количествата на природен гас што неговата земја ќе ги добива од Грција, преку терминалот во градот Александрополис. Според Радев, во заднината на продлабочената криза во снабдувањето со гас, за Бугарија е […]

„Газпром“ треба да одговори на барањето на бугарската техничка Влада за враќање на преговорите за гасот


 „Газпром“ се очекува да и одговори на Бугарија дали ќе се вратат на преговарачката маса, а според министерот за енергетика, Румен Христов, тоа треба да се случи најдоцна денеска. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на крајот на минатата недела техничката влада и официјално стапила во контакт со руската компанија за обнова на […]

Во Белград демонстранти маршираа против Европрајд


Србија– Илјадници противници на Европрајд, што требаше да се одржи во Белград во септември, протестираа синоќа и покрај изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека настанот ќе биде „откажан или одложен“. Во Белград, парадата на гордоста требаше да се одржи на 17 септември, но Вучиќ во саботата изјави дека ќе биде „откажана или одложена“. Неделниот […]

Земјотрес во БиХ од 3,2 степени според Рихтер, се почувствува и во Хрватска


Денеска во 18:50 часот се почувствува земјотрес во Босна и Херцеговина, епицентарот на земјотресот бил во градот Билеќа, во југоисточниот дел на Босна и Херцеговина. Се наоѓа на 20 километри источно од Столац. ЕМСЦ соопшти дека земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот го почувствувале и жителите на дубровничката област, за […]

Прислушувањето на опозицискиот лидер може да го урне грчкиот премиер Мицотакис


  АТИНА – Во поголемиот дел од минатата недела грмотевици и пороен дожд ја зафатија Атина, означувајќи драматичен крај на летото инаку наелектризирано од разговорите за шпионски софтвер, сајбер-платеници, шпионажа и прислушување. Додека сонцето повторно изгреа во петокот, тоа беше многу расположение додека прерано свиканиот парламент на Грција расправаше за скандалот со прислушување телефони чиешто […]

Брнабиќ очекува дека владата ќе биде формирана во септември


Мандатарката за состав на новата влада Ана Брнабиќ денеска изјави дека верува оти владата ќе биде формирана во септември.   Брнабиќ за телевизијата Прва изјави дека Синиша Мали, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ сигурно ќе бидат во владата, но дека се уште не е време да се зборува за кадрите.   „Од моментот кога ќе […]

Франција ќе и помогне на Црна Гора за кибер безбедноста


Франција ќе ја достави својата експертиза во областа на кибер безбедноста на владините институции во Црна Гора, на барање на таа земја членка на НАТО, која е цел на голем хакерски напад врз владини институции, соопштија француските власти. Тоа е втор кијбер напад за една недела во Црна Гора. „Француската влада одговори позитивно на барањето […]

Србија и Косово постигнаа договор за личните документи


„Србите од Косово, како и сите други граѓани, ќе можат да патуваат од Косово во Србија и обратно со лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Албин Курти за ова прашање. Ова е европско решение. Им честитаме и на двајцата лидери за оваа одлука и за нивното раководство“, напиша Борел на Твитер. Борел во […]

Во Хрватска годинава 14,4 милиони туристи и 82,6 милиони ноќевања


Од почетокот на годинава, според податоците на eVisito, во Хрватска имало 14,4 милиони туристички доаѓања и 82,6 милиони ноќевања, што е зголемување за 42 отсто на доаѓања и 28 отсто на ноќевања во однос на минатата година. Споредено со рекордната 2019 година, овие податоци претставуваат 90 отсто од резултатите во доаѓањата и 96 отсто од […]

Вучиќ: Саемот Винска Визија Отворен Балкан фантастична манифестација


Од 1 до 4 септември Белград ќе биде европска престолнина на виното „Open Balkans Wine Vision” организирана од владите на Србија, Северна Македонија и Албанија во рамките на иницијативата Отворен Балкан, кој ќе ги собере најдобрите производители на вино и храна во регионот. Како што јави дописникот на МИА од Белград, претседателот Александар Вучиќ во […]

Во Хрватска се апсат осомничени за перење пари на штета на компанијата ИНА


Хрватската полиција и Одделот за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) денеска спроведуваат голема акција во која се уапсени повеќе лица за, како што се сомничат, злоупотреба и перење пари на штета на компанијата ИНА, а меѓу уапсените е и еден од директорите на компанијата. Како што објави Јутарњи лист, станува збор за кривични дела […]

Ана Брнабиќ е нов мандатар на српската Влада


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека Ана Брнабиќ е мандатар за состав на новата Влада на Србија. – Во согласност со Уставот, откако го слушнав мислењето на претставниците на изборните листи, донесов одлука за предлогот за кандидат за претседател на Владата на Србија. Одлуката беше комплицирана и сложена и во рамките на најголемата партија […]

Нови мерки во Црна Гора, повеќе не се потребни маски


  Доколку планиравте да патувате во Црна Гора во следните две недели, треба да знаете дека од вчера во оваа земја важат нови мерки. Мерките за борба против корона вирусот во Црна Гора се променети од вчера, па носењето маски повеќе не е задолжително никаде освен во здравствените установи, соопшти Министерството за здравство. Овие мерки […]

Дронови ја штитат бугарската граница


Бугарската полиција стави во употреба дронови за следење на границите во обид да се избори со илегалното преминување на мигранти. – Веќе неколку дена по наредба на министерот за внатрешни работи користиме дронови со кои ја покриваме целата територија на границата, изјави Станимир Станев заменикот главен секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија. -Од […]

Слави Трифонов сака раферендум за претседателски систем во Бугарија


  Во изјава за партиската телевизија една недела пред почетокот на изборната кампања, лидерот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов, рече дека сака да има референдум околу тоа дали Бугарија да остане парламентарна демократија или да стане претседателска република. Тој додаде дека во следниот парламент неговата партија ќе биде гарант за спроведување на резултатите […]

Шест од 10 илегални мигранти кои го минуваат Ламанш се од Албанија


ЛОНДОН – Албанските државјани  сочинуваат повеќе од половина од сите мигранти кои пристигнуваат во Велика Британија со мали чамци преку Ламанш, по огромниот скок на бројот ова лето. Податоците на Министерството за внатрешни работи објавени во четвртокот открија дека 2.156 Албанци пристигнале во Велика Британија во првите шест месеци од 2022 година, од вкупно 12.747 […]

Привремената влада на Бугарија одобри 1,75 милиони евра за манастирот Зограф на Света Гора


  Бугарија– Привремената влада на Бугарија одобри близу три и пол милиони лева (1,75 милиони евра) за обнова на манастирот „Св. Великомаченик Георги Зограф“ на Света Гора во Грција, јави дописникот на МИА од Софија. Вршителот на должноста министер за култура Велислав Минеков информира дека ќе се сретне со игуменот на манастирот Амвросиј. Доделените пари ќе бидат […]