Како се забавуваат 5.000 американски маринци во Сплит?


Носачот на авиони „САД Џорџ Буш“, на нуклеарен погон, вплови во пристаништето во Сплит и оваа вест се најде на сите медиуми во хрватска и во регионот.

Огромниот воен брод застана овде по воени вежби, а покрај бројните текстови за борбената моќ на бродот, на ред е веста за посадата.

Како што пренесува „Вечерњи лист“ на бродот има 5.000 војници, од кои 75 отсто се помлади од 25 години.

Затоа се поставува прашањето што прават повеќе илјади млади американски маринци во едно хрватско пристаниште? Многу од нив се снимени како се забавуваат по ноќните клубови.

На снимките се гледа како некои маринци се прилично „слободни“, без маици, со спуштени пантолони.

Снимките ги објави барот во кој Американците се забавувале, на својот Инстаграм профил, а во описот на видеото наведоа „едно обично попладне“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Antique Bar & Sushi (@antiquebar_sushi)