Бугарија: Службената влада сака долго да остане на власт


  На работ на своите уставни овластувања, службената влада во Бугарија се однесува како да се подготвува да остане на власт долго време: се однесува како активен учесник во изборната кампања и ги предодредува принципиелните позиции на државата, обновувајќи ги преговорите со „Гаспром“. Вака Борјана Димитрова од социолошката агенција „Алфа рисрч“ ја коментира предизборната ситуација […]

Ескобар е уверен дека Србите во Косово ќе продолжат мирно да живеат


  Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во Белград изрази верба и надеж дека Србите на северот на Косово нема да видат промени во нивните животи на 1 септември, кога владата во Приштина ќе објави почеток на спроведување на реципроцитет. мерки. По синоќешните разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ и со специјалниот претставник […]

Автобусот кој ги уби полицајците во Бугарија го управувал 15-годишен Сириец


15-годишниот Сириец Омар, кој живеел во центарот за привремено сместување бегалци во Харманли, го возел автобусот со бегалци што вчера ги уби двајцата полицајци во Бургас, јави БНР. Момчето исчезнало од центарот во понеделникот, а вчера било фатено во Парвомаи. Омар дојде во Бугарија со своите постари браќа во октомври 2021 година, кои веќе неколку […]

Наплив на мигранти во Бугарија


Бугарија–  Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев денеска изјави дека за шест пати е зголемен мигрантскиот протисок врз државата пред се поради акциите во Сирија. -Поради тековните воени операции во Сирија, мигрантските текови се интензивираат и создаваат сериозни проблеми за Турција, а дел од вкупниот број мигранти се упатуваат кон Бугарија и Грција, изјави тој […]

Вучиќ се надева на „некаков компромис“ со Приштина, нема договор за главните прашања


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се надева на компромисно решение во преговорите со Приштина во наредните денови, но дека „за (регистрациските) таблички и за некои крупни прашања такво решение воопшто не може да се постигне“, jави Бета. „Ќе ги продолжиме разговорите и верувам дека во деновите што следуваат ќе успееме да постигнеме компромисно решение, барем […]

Тешки разговори на Ескобар, Лајчак и Вучиќ за Косово


  По разговорите со косовскиот премиер Албин Курти и со претставниците на косовските Срби, двајцата специјални пратеници за Балканот на САД и ЕУ, Габриел Ескобар и Мирослав Лајчак, денеска попладна одржаа една средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, а за во 22 часа беше најавена уште една. Ескобар оцени дека средбата со Вучиќ била тешка […]

Албанија: Пописот во октомври нема да се одржи


  Албанија по вторпат го одложи пописот, кој според новиот термин требаше да почне на 1 октомври оваа година. Како официјална причина е наведено дека не се обезбедени неопходните алатки за собирање информации на терен. Албанија за идната година го одложи пописот на населението и становите планиран за октомври годинава, соопшти доцна попладнево Институтот за […]

Во Албанија потврдено присуство на новата ковид варијанта БА4


  Албанија– Албанскиот  Институт за јавно здравје официјално потврди дека во земјата циркулира подваријантата на Омикрон БА4.   – Го потврдивме присуството и на варијантата БА4, покрај БА5 која циркулира од јуни. Во лабораторија во Германија испративме 230 примероци. Од нив над 83 отсто беа БА5 и мал процент или околу 4 отсто БА4“. изјави […]

Основачот на Егзит ја покани финската премиерка на фестивалот Sea Dance – нејзината енергија и позитивен став се добредојдени 


Србија– Основачот на фестивалот Sea Dance, Душан Ковачевиќ, преку својот профил на Инстаграм ја покани премиерката на Финска, Сана Марин, да дојде на овогодишното издание на фестивалот, и пред на целата организација ја изрази својата поддршка во медиумската хајка што се крена изминатите недели, соопшти денеска фестивалот Егзит. Во поканата до финската премиерка, Ковачевиќ изјави дека би […]

Силно невреме во Грција – поплавени улици и плажи


Грција вчера беше зафатена од силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд а регистрирани се и 50.000 удари на громови.   Солун, Атина, Халкидики, Тасос и некои од другите острови се соочија со силни дождови и ветрови, а како последица улиците се поплавени и уништени се објекти и плажи, но засега нема информација за […]

Гневна реакција на новинарите во Грција по обидот владата да ги замолчи


  Здружението на странски дописници (ФПА) во Грција испрати остро писмо до грчката влада по обидот на нејзиниот портпарол јавно да дискредитира еден негов член дека во своите извештаи за „Политико“ бил пристрасен кон главната опозициска партија. Претседателката на Здружението странски дописници  –новинарката Нектарија Стамули – беше обвинета од владата на Нова демократија за време […]

Како Борисов и Радев станаа партнери


  Неодамна, бугарскиот претеседател Румен Радев и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов станаа партнери. Нив ги обедини заеднички интерес и политички калкулации. И двајцата мислат дека би спечалиле политички доколку ја задушат партијата Продолжуваме со промената на поранешниот премиер Кирил Петков. Пресвртот во позициите е зачудувачки, како што се се зачудувачки и димензиите на политичката […]

Милановиќ: Хрватска може да го обвини Вучиќ за дивеење во 1995


  Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги коментираше обвиненијата што Србија ги покренува против хрватските воени команданти, нагласувајќи дека Белград нема право на тоа. Тој додаде дека Хрватска, доколку е при лоша волја, ќе поднесе обвинение против српскиот претседател Александар Вучиќ. Милановиќ истакна дека обвиненијата се уште една причина за состанокот на Советот за национална безбедност. […]

Британија ќе почне со репатријацијата на Албанци кои нелегално влегле во државата


Британската влада соопшти дека ќе соработува со Албанија за брзо процесирање на документите и враќање на големиот број Албанци кои со бродови го преминале Ла Манш. Бројот на луѓе кои пристигнаа во Британија со брод достигна еднодневен рекорд во понеделникот. Речиси 40 отсто од оние што пристигнале на овој начин во период од шест недели […]

Лајчак и Ескобар во посета на Белград


  Претставниците на ЕУ и САД, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар денеска од Приштина ќе пристигнат во дводневна посета на Белград, во обид да спречат нова ескалација на тензиите на северот на Косово, јави БЕТА. Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, и Ескобар, американски заменик помошник државен секретар и специјален […]

Вучиќ: Името на мандатарот ќе го соопштам за 48 часа, и Вучевиќ и Брнабиќ ќе бидат во Владата


  Името на мандатарот ќе го соопштам во рок од 48 часа, како претседател на Републиката, изјави лидерот на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ. Името го знае, но рече дека не може да го објави како претседател на партијата, туку како претседател на државата, јави дописникот на МИА од Белград. – Или во петок […]

Босна и Херцеговина прва на листата на земји со најголемо намалување на населението


Босна и Херцеговина го зазема првото место на листата на земји со најмногу намален број на жители во светот, покажа извештајот на Обединетите Нации (ОН) за 2022 година, „Перспективи на светското население“. Според извештајот, Босна и Херцеговина годишно губи над 1,5 отсто од своето население. Меѓу првите десет земји се најдоа и Србија и Хрватска, […]

Петков го тужи Борисов за 250.000 евра


  Бугарија– Поранешниот премиер и копретседател на Продолжување со промените Кирил Петков го тужи лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов за половина милион лева (250.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија. Жалбата што Петков ја поднесе во Окружниот суд во Софија е за клевета во врска со коментарите на Борисов во последните […]

По страшната несреќа, нов увид на автопатот „Струма“ – ќе се анализираат патот, кривините, ознаките


Семејствата на загинатите во автобуската несреќа на „Беса транс“ во Бугарија бараа и добија нов увид за условите во кои се случила трагедијата, јавува Сител телевизија. Утре на терен, на автопатот „Струма“ повторно ќе излезат истражители од Перник, за што семејствата тврдат дека имало и други околности, а не само одговорност на возачот, како што […]

Саудиска Арабија може да ја снабдува Бугарија со гас и нафта


Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков и амбасадорот на Саудиска Арабија во Софија Халид бин Камал Факих разговарале за билатералната соработка во енергетскиот сектор, соопшти прес-службата на Министерството.   Како што јави дописникот на МИА од Софија, Саудиска Арабија е подготвена да испорача нафта и природен гас во Бугарија.   Главен фокус на […]