Турција: Опозицијата ќе има единствен кандидат против Ердоган на изборите


  Лидерите на шест турски опозициски партии се согласија да одредат заеднички претседателски кандидат против актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган на изборите закажани за 2023 година, објави турската телевизија НТВ. Заедничкиот кандидат ќе биде претседател на „не само приврзаниците на партиите, туку и на целата нација“, НТВ ги цитира главната опозициска Републиканска народна партија, националистичката […]

Српската вицепремиерка го искара Лавров дека манипулира


  Вицепремиерката на српската влада, Зорана Михајловиќ, изјави дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го злоупотребува фактот што Србија не воведе санкции кон Русија, обидувајќи се да покаже дека Србија го поддржува рускиот напад врз Украина, иако Србија гласаше за резолуцијата на ОН за осуда на војна, соопштија од нејзиниот кабинет. „Србија јасно одлучи […]

 Бугарија издржа само четири месеци без Русија


Очекуваното стана неизбежно. По кратка мимикрија, преодната влада на Бугарија направи решителен пресврт кон Русија. Бугарија издржа само четири месеци како целосно независна земја. Петтата колона на Кремљ, поттикнувана со децении од руската енергетска валута, се врати во живот со државниот удар на 9 септември. При објавувањето на неизбежноста од купување на рускиот гас побарана […]

Основачот на логорот во кој се убивани и мачени Бошњаци избран во Градскиот совет на Белград


  Светозар Андриќ, поранешен генерал на Војската на Република Српска (ВРС), беше избран во Градскиот совет на Белград, иако против него има кривична пријава пред српското судство за воени злосторства извршени во Босна и Херцеговина (БиХ) за време на војната во 1990-тите, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ). Апликацијата е поднесена до Обвинителството за воени злосторства […]

Победникот на натпреварот во лежење во Црна Гора демолирал медиум што го нарекол „џаболебар“


 Победникот на овогодишниот 12. Натпревар во лежење во Црна Гора, Жарко Пејановиќ, познат како Кнеле од Забјело, упаднал во просториите на дневниот весник „Дан“ и физички ги нападнал вработените, кршејќи  инвентар, бидејќи во информацијата за неговата победа го нарекле „најголем џаболебар“. Настанот се случил синоќа и во таа прилика биле повредени технички уредник и новинар. […]

Во Србија регистриран прв случај на мајмунски сипаници


  Србија– Oд Заводот за јавно здравје во Шабац потврдија дека машко лице над 50 години е заразено од мајмунски сипаници, а инфекцијата била откриена откако пациентот се вратил од годишен одмор. „Важно е да не се паничи, бидејќи нема потреба од тоа. Секој кој ќе забележи симптоми, а тоа се пред сè висока температура […]

Австриската амбасадорка во Софија: Бевме изненадени од ветото на Бугарија кон Македонија


Австриската амбасадорка во Софија Андреа Вике денеска изјави дека таа и нејзините колеги амбасадори во Софија биле изненадени од ветото на Бугарија во 2019 година за почеток на преговори со Северна Македонија. Според неа, тоа нив ги ставило во ситуација да ги објаснуваат причините за тоа. – Знаеме дека и ние и вие секогаш сме […]

Српски медиуми: Ескобар доаѓа во Белград и Приштина за поддршка на дијалогот


  Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, доаѓа во Приштина и во Белград за да го поддржи дијалогот меѓу двете страни, јавија српски медиуми пренесувајќи изјава на портпаролот на Стејт департментот за Танјуг. Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак доаѓа со Ескобар во Приштина […]

Бугарија ќе преговара со „Гаспром“


  Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов најави дека неговата земја очигледно ќе мора да преговара со руски „Гаспром“, јави дописникот на МИА од Софија. По брифингот во бугарската влада за справување со гасната криза, Христов коментираше дека тоа ќе бидат многу тешки разговори. Според него, Министерството за енергетика на Бугарија […]

Вулин во Москва со Лавров: Србија единствена во Европа која не е дел од антируска хистерија


  Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, кој е во официјална посета на Москва, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и со директорите на „Ростех“ и „Рособоронекспорт“, јави дописникот на МИА од Белград. Вулин во разговорот со Лавров истакна дека Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ […]

Црногорската Влада – цел на хакерски напад


  Црна Гора– Црногорската извршна власт соопшти дека информациската инфраструктура на Владата е цел на хакерски напад, а експерти од Министерството за јавна администрација работат на утврдување на штетата. Прелиминарните податоци покажуваат дека тоа биле најсофистицираните напади што досега се случиле во Црна Гора и оти се состојат од комбинација на неколку различни методи на напад, […]

Српскиот министер за внатрешни работи денеска во Москва на средба со Лавров


  Русија – Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин денеска,  за време на работната посета на Москва, треба да се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Според руското Министерство за надворешни работи, Лавров и Вулин планираат да разговараат за соработката меѓу Русија и Србија и ќе разговараат за итни регионални и меѓународни […]

Во Албанија под сомнение за шпионажа уапсени и четворица чешки државјани


По инцидентот во воениот објект во Грамш, кога беа уапсени двајца руски и еден украински државјанин, кај воен објект во Пулиќан, Берат, уапсени се чешки државјани, кои исто така се сомничат за шпионажа. Тие си приведени откако со оштетување на влезна врата влегле во објектот, шетале низ тунелите и фотографирале и снимале. Во официјалното соопштение […]

„Илинден”-Тирана бара преземање итни мерки за спас на Преспанското Езеро


Македонското друштво  „Илинден”-Тирана бара итна средба на претставници од албанската и македонската влада со цел преземање итни мерки за спас на Преспанското Езеро.   – Актуелната состојба со Преспанското Езеро бара итно преземање мерки бидејќи езерото е на чекор до еколошка катастрофа. Тоа е едно од најстарите сочувани тектонски езера во светот, споменик на природата и […]

Поминува ли времето на национал-популистите во Бугарија?


Дали национал-популистичкиот бран во Бугарија помина? Ќе речете дека ги земам моите желби за реалноста, но сепак погледнете наоколу: Каде се питите што ги месеа женските лидери, лончињата на политичарите што ги вртат тркалата? Засега нема глобално лудило од типот на Истанбулската конвенција кое нашите милиции ќе го прекинат со своите тела, а ако бунтот […]

Руси и Украинци се обиделе да влезат во фабрика за оружје во Албанија


Пред фабрика за оружје во албанскиот град Грамш синоќа се случи инцидент, кога три лица, две со руски и едно со украински пасош се обиделе тајно да влезат во фабриката, потврди министерството за одбрана. – Веднаш реагирале војниците кои го обезбедуваат објектот, но при напорите да се спречат тројцата странски државјани, повредени се двајца наши […]

Во вчерашните две големи сообраќајни несреќи во Турција загинаа најмалку 32 лица


Во текот на вчерашниот ден во Турција се случија две големи двојни сообраќајни несреќи, во кои загинаа најмалку 32 лица, а околу 50 луѓе се повредени. Камион, на кој му откажале сопирачките, „влетал“ во толпата во Мардин, откако се судрил со две возила. Потоа, друг камион влета во толпата и повредените. Официјално беше објавено дека […]

Гром удри во жена додека се капела во Јадранското море


  Хрватска– Гром удри во жена во Сплит, додека пливала во морето кај плажата Кашјуни, јавува Слободна Далмација. Службите за итна помош, пожарникарите и полицијата се на терен.   Во моментот на ударот на гром жената била во морето. Од водата ја извлекле други капачи. На местото веднаш пристигнале две екипи за итна медицинска помош. […]

„Демократска Бугарија“ ја обвини преодната влада дека се обидува да го врати Газпром во бугарскиот енергетски сектор


Бугарија– Откако вршителот на должноста министер за енергетика Росен Христов објави дека Бугарија ќе прифати само еден од цистерните за течен гас што ги нуди Шиниер, „Демократска Бугарија“ излезе со став во кој ја обвини актуелната влада дека Бугарија ја прави зависна од Русија за гас. Според прозападната партија, преодната влада на Бугарија ризикува да […]

Косово: Останува во сила забраната за носење шамии во училиштата


Косово– Министерката за образование на Косово, Арберие Нагавци денеска изјави дека административното упатство за образовните институции, кое во дел од јавноста се толкуваше како ограничување на верските слободи, односно забрана за носење шамии во училиштата, и натаму останува во сила, јави дописникот на МИА од Приштина. Нагавци на денешната прес-конференција рече дека протестите против упатството […]